Не сечи ја гранката на која седиш! | Свет | DW | 20.10.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Не сечи ја гранката на која седиш!

Со цел да се апелира за забавување, односно прекин на уништувањето на животната средина, во јапонскиот град Нагоја се одржува Меѓународна конференција за заштита на биодиверзитетот под покровителство на ООН.

default

Да се води грижа за балансот, впечатлива порака

Не сечи ја гранката на којашто седиш, вели една поговорка. Човештвото, се чини, го прави токму тоа: со речиси седум милијарди жители на планетата Земја, животниот простор станува се` потесен, не само за луѓето, туку пред се`, за природата. „Обединетите нации си поставија за цел да се стопира намалувањето на билошката разновидност на Земјата. Целта не беше постигната. Исчезнувањето на животинските и растителните видови е се` подраматично“, констатира Елза Никел од германското Министерство за животна средина. Секој ден се искористуваат природни ресурси чиј волумен е еднаков на 112 згради со големина на „Емпајр Стејт Билдинг“ во Њујорк. Закана од исчезнување им се заканува на една третина од животинските и растителните видови; дневно изумираат околу 130 видови.

Symbolbild Natur Umwelt Grüne Ausbildung Naturschutz

„Изумирањето на одредени биолошки видови е знак дека им се заканува уништување и на цели еколошки системи“

На Меѓународната конференција за заштита на билошката разновидност во Јапонија државите имаат за цел да се закочи индустрискиот развој - причинител на исчезнувањето на видовите, кое според научниците е најголемо по изумирањето на диносаурусите пред 65 милиони години. Изумирањето на одредени биолошки видови е знак дека им се заканува уништување на цели еколошки системи. Манфред Никиш, директор на Зоолошката градина во Франкфурт, вели дека создавањето и одржувањето природни области под посебна заштита не е трајно решение; во нив видовите само краткорочно се спасени од истребување: „Подрачјата под заштита не придонесуваат многу кон зачувувањето на природните видови. Потребни ни се сосема поинакви мерки, неопходно е преструктурирање на севкупното светско земјоделство и на рибарството. Ова се, пред се`, прашања на политиката, а не прашања од областа на природните науки.“

Државите сакаат да ја докажат политичката волја на конференцијата во Нагоја, каде треба да бидат одредени и 20 стратешки цели за наредната декада. Според Елза Никел, преговорите за заштита на животната средина во пресрет на Климатскиот самит во Канкун, Мексико, се одвиваат под силен притисок: „Еколошките системи недопрени од човечка рака се вистински акумулатори на јаглерод диоксид, па при нивното уништување се ослободува енормно количество од овој гас. Тоа значително ги забрзува климатските промени.“

Автор: Хеле Јепесен / Далибор Стајиќ

Редактор: Жана Ацеска