1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Не само ефтини летови туку и работни места, најавува „Виз Ер“

Унгарската авиокомпанија „Виз Ер“ денеска најави инвестиција од 80 милиони долари и отворање 300 работни места во Македонија. Со владина субвенција граѓаните во Европа ќе летаат и за 8,99 евра.

default

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер“ со субвенции од македонската влада, најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра.

Откако ќе биде потпишан Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, според извршниот потпретседател на„ Виз Ер“ Џон Стивенсон, инвестицијата за почеток со oперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари, што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места.

Од 28 октомври годинава „Виз Ер“ треба да почне со летови од Скопје кон Дортмунд и Ајндховен, а цената на билетите кои се веќе во продажба во еден правец со вклучени такси ќе изнесува 12,99, односно 17,99 евра.

Flash-Galerie Flughafen Skopje

Нови линии од аеродромот во Скопје

Двапати неделно унгарскиот авиопревозник ќе лета и кон Малме, Милано и Минхен од 29 октомври, за каде билетите ќе чинат по 17,99 евра и 8,99 евра.

Трипати неделно ќе се лета за Базел од 30 октомври, а цената на билетот е, исто така, 17,99 евра. Од наредното лето, најави Стивенсон, „Виз Ер“ ќе воведе летови и кон Брисел, а се размислува и за Рим и Барселона зависно од потребите на граѓаните. Авиокомпанијата планира да ангажира работници од локалното население.

Првично, пилотскиот кадар ќе биде од друга земја, подоцна се планира ангажман на пилоти од Македонија.

За субвенционирање на „Виз Ер“, македонската Влада согласно потпишаниот тригодишен договор ќе одвои 306 милиони денари.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека дестинациите што се воведуваат од наесен, со субвенционирањето на „Виз Ер“, се атрактивни и ќе одговорат на потребите на граѓаните за патување низ Европа.