1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Не потклекнуваме пред уцени од Атина

Македонскиот премиер Никола Груевски одбива притисоци и уцени како на внатрешнополитички така и на надворешнополитички план,изјави пред членовите на Ротари клубот

Груевски при неодамнешна средба со новинарите

Груевски при неодамнешна средба со новинарите

Пред уцени и ултиматуми од Атина нема да потклекнеме и нема да се најде решение за спорот околу името.Во ист стил но сега со внатрешнополитички акцент премиерот Груевски сега ги одбива и диктатите и условувањата на ДУИ за дијалог со нивниот лидер Али Ахмети.Шефот на владата ден по враќањето од Брисел пред македонскиот Ротари клуб реагираше на барањето на НАТО и на ЕУ:

Да се најде компромис со Грција,да се оствари политичката комуникација власт опозиција во Македонија како дел од пакетот задачи на нејзиниот евроатлански пат.Премиерот Груевски одговори дали за македонскиот пат во НАТО ќе биде неопходна промена на името или Грција ќе стави вето:

-Најчесто таквиот начин резултира уште поголем отпор,пролонгирање периодот за доаѓање до решение.Секој шрто мисли дека некоја држава ќе ја притисне на таков начин,најчесто прави грешка.Како што Македонија не подлегна во периодот кога бевме под двојно ембарго,така нема да потклекне на никаков друг начин,кога се работи за таков начин на притисок и уцена.

Напротив,мислам дека вистинскиот начин да се дојде до решение е да се продолжи разговорот во ОН и да не се прават такви опструкции,кои патем речено,не се дозволени со Привремената спогодба.

Македонскиот премиер ги отфрли и условувањата на ДУИ за да седне на разговор со премиерот.ДУИ најпрво постави четири ултимативни барања,таков пристап не води кон демократски компромис според шефот на македонската влада.

-Ќе правиме дијалог,доколку некој сака да го има него,ќе се договараме,ќе гледаме што се добри проекти,ќе ги исполнуваме ако се добри,ако не се нема да ги исполнуваме,но никој не треба да очекува дека ако има ваков жесток притисок каков што има,во таква ситуација ќе носиме чекори кои се можеби непромислени,или чекори кои би ги донел некој под притисок.Во ваква ситуација ви велам дека ние остануваме цврсти на нашите заложби,со респект кон секого што мисли поинаку,рече Груевски.

На десет дена од јавната понуда,Груевски и Ахмети не се ни блиски до нивна средба.Во меѓувреме македонскиот премиер подготвува и промена во својот кабинет,владечката ДПА ќе добие и петто министерско место,а вицепремиерот Селмани ќе го води само здравството,додека реализацијата на Рамковниот договор ќе му биде препуштена на Алиу,министер за екологија.