1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Не моќ, туку одговорност“

Ханс-Дитрих Геншер Превод:СН3 октомври 2015

Ханс-Дитрих Геншер се залага за европска Германија и единствена Европа. Поранешниот министер за надворешни работи на Германија напиша гостински коментар за ДВ за 25-годишнината од повторното обединување на Германија.

https://p.dw.com/p/1Ghh5
Фотографија: picture-alliance/dpa/. Nietfeld

Германија го зазеде своето место таму каде што отсекогаш припаѓаше, имено во центарот на Европа. Французот Пол Клодел во летото 1945 година рече: Вие Германците не би требало да тежнеете кон поробување на Европа. Вие како народ од центарот, народ со најмогу соседи треба да им објасните на народите околу вас дека само заедно имаат иднина. Тоа е европска Германија. Всушност Сојузна Република- значи западниот дел- ја препозна историска одговорност веднаш по ужасот од Втората светска војна и нацистичкото владеење, и делуваше во согласност со тоа. Со рана одлука за западна интеграција, Западна Германија ја дефинираше заедницата на западните демократии како место кон кое тежнеат сите Германци. Така поделената и поразена земја презеде обврска да го отвори патот на разбирање меѓу Западот и Истокот.

Поделбата да се надмине а не да се одложи

Германската политика кон Истокот отвори шанса за нов почеток на Западот и Истокот. Тоа можеше и мораше да биде задача на сите држави од двете страни. Форумот беше олицетворен во Конференцијата за европска безбедност и соработка која на состанокот во Хелсинки во 1975 година го претстави политичкиот мастер-план за просторот од Ванкувер до Владивосток. Помислете само: од северноамериканските демократии, па се’ до Советскиот Сојуз со неговиот азиски дел! Резултатот беше надминување на поделбите, не само во Германија, туку и во Европа. Но дали навистина беше така? Тоа со право може да се праша кога денес ќе се погледне политичката сцена. Изгледа дека некои воопшто не сакаат надминување на поделбите, туку само поместување на линиите на разграничување понатаму на исток. Тоа би било историско недоразбирање! Покрај тоа, тоа би било кршење на основната филозофија на повелбата од Париз од 21. ноември 1990 година : тогаш сите учесници на Конференцијата за европска безбедност и соработка се изјаснија за нов предлог за соработка во нивниот простор.

Vertragsunterzeichnung zur Deutschen Einheit in Moskau 1990
Фотографија: Imago/S. Simon

Импулси за обединета Европа

Германија уште како поделена земја даде импулс за процесот на европско обединување. Истотака и обедината Германија мора да се чувствува повикана да даде нови импулси за обединувањето на Европа. Најпрво во две насоки. Прво, процесот на обединување мора да биде продолжен јасно и одлучно. Не се поставува прашањето дали треба да се има помалку или повеќе Европа. Прашањето всушност гласи: дали Европа и натаму ќе се гради или се враќаме во старите ровови? Тоа не доведува до втората работа: поделба на Европа не смее да се случи кога е јасно дека единството донесе толку многу добро.

Која е улогата на Германија во тоа? Таа не би требало да биде терач, но би требала да биде мотор, извор на идеи, секогаш од почеток да потсетува на предупредувањето на Клодел од 1945 година. Во создавањето на новиот светски поредок Европа треба да биде лабораторија на единство која во сите нејзини делови ќе биде перцепирана како праведна. Накусо, новата Германија во нова Европа не треба да демострира моќ, туку да преземе уште поголема одговорност. Одговорност за свет на рамноправност, а не на доминација: за свет во кој секому ќе му биде јасно дека на долги патеки на ниту еден народ не може да му биде добро ако на останатите им е лошо. Тоа е резултат на глобална меѓузависност која народите во светот ги поврзува во нешто повеќе од заедница на народи: тоа е заедница на судбини, заедница на опстанок.

Ханс-Дитрих Геншер меѓу 1974 и 1992 година беше министер за надворешни работи и вицеканцелар на Сојузна Република Германија и соработуваше во владите на тројца канцелари: Вили Брант, Хелмут Шмит и Хелмут Кол. Во средината на септември ја објави книгата „Мојот поглед на нештата“ (Meine Sicht der Dinge).