1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Не“ за неконтролираниот пазарен капитализам

Организацијата на американските држави денеска (19.04.2009) го продолжува самитот во Порт оф Спеин, главниот град на Тринидад и Тобаго. Во средиштето се прашањата за идниот развој.

default

Барак Обама и Хуго Чавез

Неконтролираниот пазарен капитализам од последната деценија не смее да ја преживее оваа глобална финансиска криза, единствени беа 34-цата учесници, иако со различни визии за иднината.

Канадскиот премиер Стивен Харпер предупреди изборот да не се ограничува само меѓу нерегулираниот капитализам и државниот социјализам. Американскиот претседател Барак Обама на сиромашните земји од Америка им вети помош во инвестиции во образованието и здравството преку микрокредити.

Моралес: стоп за капитализмот без душа

Боливискиот претседател Ево Моралес ги пофали најавите на Обама, но побара радикални промени:

„Меѓународната финансиска криза не ја предизвикаа земјите во развој, туку тоа го направи капитализмот. Тоа е структурален проблем, а не конјуктурен и нема толку лесно да се реши. Затоа мораме да го коригираме неолибералниот модел. Да му ставиме крај на таквиот капитализам, кој стреми само кон пазар и добивки, без да води сметка за животот на луѓето. Концентрирањето на богатството во мал број луѓе, при истовремено постоење беда, не е никакво решение. Мојата школа беа бедата и сиромаштијата, како и дискриминацијата и расизмот кон индијанските народи“, изјави Моралес, кој е Индијанец.

Bolivien Präsident Evo Morales zu USA Botschafter

Ево Моралес

Загрижувачки прогнози

Светската банка проценува дека економскиот раст во регионот на Америка ќе се намали за 0,6 проценти. Тоа ќе има големи последици за карипските и средноамериканските држави, како намалување на туризмот. Со тоа ќе се зголеми сиромаштијата и насилството, како и трговијата со дрога.

Barack Obama Gipfel der amerikanischen Staaten in Trinidad

Барак Обама вети помош за сиромашните земји од Америка

Американскиот претседател Барак Обама понуди конкретна помош:

„Премногу луѓе во земјите на Америка денес живеат во страв. Илегалното оружје не смее да стигне во рацете на криминалците, а дрогата не смее да го уништи човечкиот живот и стопанството. На Карибикот ќе му ставиме на располагање 30 милиони долари за безбедносни мерки. Освен тоа, агресивно ќе настапуваме против користењето дрога и шверцот со оружје и пари на нашите јужни граници“,најави Обама.

Внимание и овојпат предизвика претседателот на Венецуела, Хуго Чавез. Тој ја прекрои познатата изрека на екс-кубанскиот претседател Фидел Кастро: „Социјализам или смрт“, во:„ Промена или смрт“, и притоа од Барак Обама измами насмевка, завршувајќи со барањето-следниот самит на американските држави да се одржи во Хавана. Пријателското приближување кон Вашингтон Чавез ко конкретизира, ќе испрати повторно амбасадор во САД.

Автор: Михаил Кастрициус/ ЖА

Редактор: Жана Ацеска



DW.COM