1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Не е прашање дали, туку кој колку ќе отстапи“

Група од дваесетина новинари од повеќе значајни германски медиуми се во Скопје одбиску да се запознаат со животот во Македонија и со напредокот што го постигнала земјата на својот евратлантски пат.

default

Германските журналисти имаа можност да го прашаат шефот на државата, Ѓорге Иванов за најважните прашања, кои, според нив, го оптоваруваат македонското општество. Претседателот одговараше за спорот за името, за меѓуетничките односи, за шансите на Македонија да добие датум за преговори со Европската унија.

„Спорот за името навлегува во индивидуалните човекови права, правото на припадност на секој човек, правото на идентификација. Затоа г- нот Нимиц прави се‘ да се врати расправата во рамките на резолуцијата 817 во ООН. Ние сме конструктивни и даваме придонес во тој процес, но да се дојде до компромис, знаете тоа е исто како и танго - за тоа ви треба партнер. Во меѓувреме, во Грција завршија изборите и сега очекуваме да се зголеми динамиката во тој процес и да се дојде до решение.“

Виктор Функ од „Франкфуртер Рундшау“ со внимание ја следеше изјавата на претседателот Иванов за спорот со Грција: „Неговата позиција е разбирлива, но најпосле Македонија е мала земја, земја којашто има помалку моќ и затоа треба повеќе да отстапи. Во овој случај не е прашањето која страна треба да отстапи, туку која страна колку треба да отстапи од сопствената позиција“.

Треба да испрати јасен сигнал на волја

Томас Гутчер од неделникот „Рајнише Меркур“ не е уверен дека кај македонската страна постои подготвеност за компромис: „Претседателот вели дека очекува со новата грчка влада да има некаков прогрес. Но, јас мислам дека за да дојде до тоа и Македонија треба да испрати јасен сигнал на волја и

Mazedonien Präsident Gorgi Ivanov

Ѓорге Иванов: Што е наше ќе си дојде!

подготвеност на компромис. Јас таков сигнал не гледам“, вели аналитичарот од германскиот неделник.

За најголемиот број германски колеги најинтересно беше прашањето за името.

„Јас мислам дека кога Македонија го наименува аеродромот Александар Велики, западот тоа го протолкува како провокација, и тоа ја чинеше Македонија многу симпатии кај нејзините западни партнери и сојузници“, смета Урлике Шефер од „Тагесшпигел“.

Германските новинари се изненадени од сликата на Македонија денес

Инго Линсел од весникот „Тирингер Алгемајне“ бил во Македонија во воената 2001: „Се сеќавам на сликите од тоа време. Кога дојдов на аеродром германските војници ме предупредија дека треба да заминам веднаш, дека на Косово е побезбедно отколку овде. Сега сликата е сосема поинаква, гледам отворено општество, убав живот, во секој случај значителен напредок.“

Претседалот Иванов вели дека сака да е реалист во однос на претстојната оценка на Брисел: „Знаете, на Балконот има оптимисти

Deutschland Mazedonien Präsident Gjorge Ivanov bei Horst Köhler in Berlin

Иванов со германскиот претседател Хорст Келер за време на посетата на Берлин во септември

и песимисти. Песимистите се оптимистите со искуство. Ние сакаме да бидеме реалисти. Што е наше ќе си дојде.“

Блиску, а далеку

Торстен Лидс од берлинското претставништво на Европската комисија ја објаснува причината за организираната посета на германските медими на Македонија: „Причината поради која дојдовме тука со новинари од најголемите германски весници е тоа што Македонија е толку блиску до Германија, а многу непозната за германскиот народ. Во Германија многу малку се знае за оваа земја. Сакаме идната недела кога ќе биде објавен извештајот за напредокот на Македонија од страна на Европската комисија, Германците да можат да прочитаат во весниците за животот на луѓето во оваа земја, за случувањата во Македонија.“

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM