1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

(Не) безбедноста во дигиталниот свет

Смартфони, таблет-компјутери, дигиталната револуција ги менува пазарите, медиумите и луѓето. Но, темата безбедност често притоа е запоставена. Што ако ви бидат украдени податоците?

Посебно ранливи се мобилните апарати. За многумина кошмар, за други златен рудник. На пример за Џон Херинг, 29-годишен шеф на фирма специјализирана за безбедност на смартфоните. Неговиот софтвер контролира и обезбедува се‘. Го користат 30 милиони луѓе, секој месец дополнително уште еден милион. Рецептот за успех-едноставност:

„Констатиравме дека технологијата за многу луѓе е нешто комплицирано. Затоа, на корисникот му нудиме нешто многу едноставно. Не мора да биде експерт за техника, тоа е многу важно“.

Овде се работи за поголеми цели од мобилен телефон. Нафтени извори, струјни мрежи, цели индустриски постројки можат да бидат исклучени или уништени со еден клик на глувчето. Тоа значи сајбер војна. Бидејќи зад најголем дел вакви сајбер напади стојат влади, ни стручњаците за безбедност немаат уште рецепт против нив.

Мико Хупонен, експерт за безбедност прави интересна споредба:
„Тоа е како борба против Џемс Бонд. Тешко е против него, зашто тој користи најнова технологија и неограничени средства. А така е и со уништувачкиот софтвер кој го користат владите“,

Ефикасни одбранбени оружја против сајбер-нападите се се‘ уште музика на иднината. Но, програмата на Џон Херинг постои. А таа помага и против најчестата форма на загуба на податоците. Ако некаде го заборавите мобилниот телефон, сирена помага да го најдете.