1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нејасни односи на моќта во Кил

Политичка неизвесност по изборите во германската покраина Шлезвиг Холштајн. ЦДУ и СПД имаат речиси идентичен број гласови.

Досега владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) има освоено нешто повеќе гласови од социјалдемократите (СПД), но двете партии имаат идентичен број места во покраинскиот парламент. ЦДУ има 30,8, додека СПД 30,4 проценти гласови. Социјалдемократите сега најавија намера да состават коалиција со Зелените и Јужношлезвишкиот изборен сојуз (ССВ). Оваа коалиција, таканаречен „Дански семафор“, би имала меѓутоа само еден глас мнозинство.

На една недела пред одржувањето на важните поркаински избори во Северна Рајна Вестфалија, на либералите им успеа да се вратат на сцена. ФДП освои 8,2 проценти гласови, што е извионреден резултат, особено ако се има предвид дека партијата на претходните шест покраински избори не успеа да го мине цензусот.

Пиратите ја продолжуваат победничката серија. На изборите во Шлезвиг Холштајн имаат 8,2 проценти гласови и влегоа во парламентот во Кил, додека пак Партијата на левицата веќе нема да биде застапена во парламентот, проади тоа што освои само 2,2 проценти гласови.

Партијата на данското малцинство, Јужношлезвишкиот изборен сојуз (ССВ), за која не важи цензусот, на свое конто има 4,6 проценти гласови и во покраинскиот парламент ќе има тројца пратеници.

Со ваков однос на силите најстабилно мнозинство би имала голема коалиција, составена од ЦДУ и СПД - 44 места. Коалицијата на СПД, Зелените и ФДП би имала 38 места, а исто толку места би имала и коалиција на ЦДУ, ФДП и Зелените.