1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Неформално ембарго

Грција ја заострува блокадата кон Македонија-во пракса спроведува неформално ембарго кон северниот сосед. Од граничните премини ги враќа македонските граѓани, а на авион на МАТ не му дозволи прелет над грчка територија.

default

Пограничниот појас меѓу Македонија и Грција

Укажувањата на Брисел дека Грција со вавките потези ги крши меѓународните правила не даваат резултат. Владата во Скопје размислува за реципроцитет. Во текот на вчерашниот ден (29.04.2008) на граничниот премин Богородица беа вратени десетици автомобили од Македонија. Грчките полицајци им барале на патниците да покажат по 2 до 3 илјади евра за да можат да ја минат границата. Божо Лозановски, управник на царината во Гевгелија, вели дека грчките колеги не ги информирале која е причината за новиот режим: „Не ни‘ е објаснето од другата страна, од колегите, зошто е сето тоа случено. Можеме само да нагаѓаме. Изјавите ги добивме од патниците кои што беа вратени од граничниот премин, Евзони. Тие што немале, биле вратени, а тие што имале исто така биле вратени, со образложение дека може да патуваат во Грција, но наредниот ден.“

Прекршени воздухопловните конвенции

Во исто време со блокадата на земја се случи инцидент и во воздух. На патнички авион на МАТ Грците не му дозволија да влезе во нивниот воздушен простор и да прелета на пат кон Египет. Во инцидентот се прекршени меѓународните воздухопловни конвенции, а патниците се дополнително малтретирани. На Грците им пречи зборот македонски во името на авиокомпанијата. Во МАТ велат дека со забраната за прелет, грчките воздухопловни власти ја загрозиле безбедноста на летот. Компанијата бара од македонските власти да применат реципрочни мерки, а од Брисел да реагира кај Грците. Директорот на МАТ, Николас Кимерле, за Дојче Веле изјави: „Одговорот на Грците го проследивме до Брисел, до комесарот за транспорт во ЕУ, Баро. Од господин Баро имаме добиено писмо каде стои јасно дека Грција нема основа да ни‘ го одбие правото на летање.“

Портпаролот за транспорт на Евроспската комисија Мишел Качаре објаснува дека е побарано од Грците да ја преиспитаат таквата одлука: “Свесни сме за овој проблем и контактиравме со грчките власти за да најдеме решение, кој очигледно не е во согласност со договорот за Западен Балкан. Договорот е потпишан во 2006-та и на секој потписник му дозволува да лета слободно над земјите на ЕУ, како и на останатите земји потписнички“, велат во Европската комисија.

Грција не попушта

И покрај ваквите укажувања на Брисел, Грција не попушта.

Македонската Влада ќе ги примени сите мерки што и‘ стојат на располагање вели, портпаролот Ивица Боцевски без да прецизира дали на грчките авиони кои од Солун летаат кон Европа ќе им биде забранет прелет над Македонија: „Оваа одлука не само што е во спротивност со основните човекови слободи и права, со документите на ОН, со повелбите и основачките акти на ЕУ, туку и со добросседските односи меѓу двете соседни земји и двата соседни народи. “

Грчко-македонските односи биле полоши единствено во времето на официјалното грчко ембарго кон Макеоднија, во деведесетите години