1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Неформална средба на Бучковски и Коштуница

За случајот Вранишковски, премиерите на Македонија и на Србија, Владо Бучковски и Воислав Коштуница, во Салцбург разговараа и на нивната неформална средба.

default

Како случајот Вранишковски ќе се одрази на односите меѓу Македонија и Србија во овој момент не би можело да се прогнозира, изјави македонскиот премиер по неформалните разговори со својот српски колега. Бучковски за агенцијата МИА изјави дека на Коштуница му го пренесол ставот на македонската влада, а тој гласи – почитувајќи го принципот на поделба на власта, можностите на владата да реагира во случајот се лимитирани. Се работи за одлука на судската власт која е независна, а тоа Коштуница многу добро го знае, како професор по право, рече македонскиот премиер додавајќи:

“Ја истакнав нашата заложба да ги оставиме црковните работи настрана и пријателските односи меѓу Република Македонија и Србија да продолжат и натаму. Македонија продолжува да гради пријателски односи со Србија и проблемот меѓу двете цркви што настана со случајот Вранишковски, верувам, ќе биде само непопуларна епизода во нашите односи.“

Според српскиот премиер Воислав Коштуница, единствено решение е што е можно побрзо ослободување на Јован. Одлагањето ја отежнува ситуацијата, рече тој, нагласувајќи дека проблемот треба да го решат двете цркви.

Синодот на Српската православна црква и патријархот Павле вчера апелираа до најодговорните личности и институции во светот да побараат од македонската влада ослободување на Јован. По седницата на синодот е издадено соопштение во кое синодот ги потсетува властите на државите потписнички на меѓународни конвенции за заштита на човековите и верските права, како и организациите што се занимаваат со заштита на човековите права дека конвенциите им даваат право да реагираат и да и упатат на македонската влада протест поради кршење на човековите права.

Синодот на СПЦ истакнува дека тие конвенции ги обврзуваат државите потписнички против прекршителите да поднесат тужба до Европскиот суд за човекови права и да преземат други мерки што произлегуваат од конвенциите и меѓународното право.