1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Неформален почеток на преговорите за името

Македонските претставници во преговорите неформално веќе разговараа со медијаторот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц. Секој предлог кој нема да ги почитува македонските позиции би можел да ги блокира преговорите.

default

Метју Нимиц

Новата рунда преговори неофицијално започна уште вчера доцна навечер по средноевропско време. Двајцата македонски претставници во преговорите за името, специјалниот пратеник, Никола Димитров и шефот на кабинетот на македонскиот премиер, Мартин Протоѓер имаа неформална средба со медијаторот на ОН во спорот, Метју Нимиц, со цел да се избегнат евентуални непријатни изненадувања на денешните (11.09.2008) преговори.

Иако од македонскиот табор нема информација за што точно се говорело на средбата, се дознава дека македонската страна на медијаторот му порачала дека секој предлог или идеја, кои нема да ги почитуваат македонските позиции за решавање на спорот за името и ќе навлезе во прашања кои се од национален интерес, би можеле да ги блокираат преговорите. Инаку, засега никој во ОН ниту во Стејт Департментот не потврдува дека Нимиц денес ќе даде нов предлог. Иако и форматот на средбите, една заедничка и две одвоени средби, со можност за втора заедничка, а и официјалните реакции во Скопје и Атина навестуваат дека Нимиц денеска би можел да излезе со конкретни решенија, сепак нема официјална потврда дека експертите на Стејт Департменотот, врз основа на ставовите на Атина и Скопје изработиле нова рамка за решавање на спорот. Изворите на Дојче Веле се‘ уште зборуваат за синтетизирани идеи, како што се нарекуваат низата предлози за делови од спорот, кои Нимиц ги креирал откако во август ги посети Скопје и Солун.