1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Неуспешна пинг-понг партија меѓу власта и опозицијатата

По двата разменети предлози за излез од кризата, власта и опозицијата не ги приближија своите ставови, но ја придвижија земјата кон подлабока криза. Нема договор за изборите

Никаков резултат не донесе пинг-понг партијата меѓу власта и опозицијата со нивните „последни предлози за излез од кризата". Во 19 часот истекува рокот што ВМРО-ДПМНЕ му го даде на СДСМ за да одговори на предлогот на власта: да се продолжи рокот за доставување на советничките и градоначалничките листи за 3 до 4 дена, рокот за одржување на локалните избори да остане ист, а евентуални измени на изборниот закон да се случуваат во тек. Партијата уште еднаш ја повтори одлуката на Извршниот Комитет соопштена утрово, дека не постои теоретска можност за договор за предвремени избори, ниту за одложување на локалните.

Опозицијата по ваквата понуда на „последна сламка за спас за СДСМ", изрази жалење што партијата на Груевски уште еднаш покажала дека нема елементарно чувство и грижа за националните интереси на државата.

„Благодариме за понудата, но да ве потсетиме дека нашиот последен предлог е ако на локалните избори здружената опозиција освои барем еден глас повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да има парламентарни избори на 29-ти септември. Бидејќи Груевски постојано тврди дека е сигурен победник на престојните локални избори, зошто упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните, со што свесно инвестира во драматично продлабочување на политичката криза со крајно штетни последици за земјата, кои неминовно ќе

Branko Crvenkovski, SDSM Parteichef, Skopje, Mazedonien

Бранко Црвенковски

одат исклучиво на негов товар", одговори СДСМ.

Владејачката коалиција едногласна

Павле Трајанов, лидер на Демократскиот Сојуз и коалициски партнер на премиерот Груевски, вели дека опозицијата предлага нешто што еден ден претходно беше отфрлено.

„Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека не прифаќа одложување на изборите. Неодговорно е опозицијата да не се учествува на локални избори, бидејќи со тоа ги загрозува евроатлантските перспективи на земјата, дополнително ја продлабочува кризата и ја парализира државата, оценува Трајанов.

Владејачката ДУИ има идентичен став со нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ.

„Го одбиваме предлогот на опозицијата за одложување на локалните избори, но даваме максимална поддршка на предлогот за неколку дена да се одложи рокот за доставување кандидатски листи за локалните избори. Поддржуваме потреба од измени на изборниот законик, поддржуваме формирање експертска Комисија за настаните од 24 декември и поддржуваме разговори со новинарите за инцидентот од тој ден", вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Овој став е сосема идентичен со „пакетот мерки" што премиерот Груевски ги соопшти на средбата со неговите коалициски партнери пред четири дена. Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, вели дека по ваквиот развој на настаните Македонија ќе влезе во уште поголема криза со несогледливи последици.

„Добивме несериозен предлог во сериозна криза. Но, одговорноста за натамошните последици е кај оној што ја води државата", изјави Петров. СДСМ денеска за првпат јавно соопшти дека имало „тајни преговори" за излез од кризата.

Mazedonien- Stefan Füle und Nikola Gruevski

Филе ја откажа посетата на Македонија. фото: Штефан Филе и Никола Груевски

„Во изминативе дваесетина дена на едно дискретно ниво, од повеќе страни се ставија на маса повеќе иницијативи за постигнување на политички договор и надминување на тешката криза во која се наоѓаме. Сите, буквално сите до последна беа одбиени од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ", соопшти Црвенковски.

Дипломатите разочарани

Можноста за натамошни преговори се чини е невозможна, со оглед дека досегашниот олеснувач, еврокомесарот за проширување Штефан Филе соопшти дека ја одложува посетата на Македонија најавена за наредната недела, поради, „актуелниoт политички ќорсокак во земјата".

„Јас сум фрустриран од недостигот на прогрес за ставање крај на политичкиот ќорсокак. Претходните рунди од Дијалогот на високо ниво и декемвриските заклучоци на Советот создадоa можност за натамошен напредок на реформите поврзани со евроинтеграцијата и за отворање на пристапните преговори. Сегашната ситуација ја става во ризик таквата можност", соопшти Филе.

Стојан Андов, почесен претседател на Либералната партија и еден од најискусните македонски политичари, разочарано констатира дека ситуацијата е апсурдна.

„Кога нема вистинско лидерство и кога партиските интереси се ставаат пред

Wahlen in Mazedonien

Стојан Андов

државните, неминовно е да добиеме ваков резултат", оценува Андов.

Дипломатски извори велат дека „олеснувачите се многу изморени и разочарани од непопустливоста на двете страни". Тие оставаат „мала можност за уште една рунда разговори во текот на викендот", но нагласуваат дека „немаат големи очекувања".