1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неуспешен терористички напад врз авион во САД

Прекуокеански лет на американската компанија „Делта“ денеска беше цел на неуспешен терористички напад. Бомбаш самоубиец се обидел да детонира бомба во авионот со 278 патници. Обидот беше неуспешен.

default

Авионот на компанијата „Делта“ кој бил цел на денешниот напад

За напаѓачот, нигеријскиот државјанин, Абдул Фарук Абдулмуталаб, постојат сериозни сомневања оти одржувал контакти со Ал Каеда.

Патниците кои биле очевидци на настанот раскажуваат за вистинска драма во текот на последните 20-ина минути од летот. Откако напаѓачот ја активирал експлозивната направа, од неа почнал да излегува густ чад. Неколкумина патници веднаш го нападнале бомбашот и успеале да го совладаат заедно со авионската посада.

„Најпрво слушнавме мала експлозија, а потоа една госпоѓа која седеше зад него почна да вика ’што правиш! што правиш!’ потоа почна да гори“. - „Еден човек кој седеше на другата страна, скокна преку сите други луѓе и успеа да го изгасне огнот“, изјавија патниците во авионот.

Софистицирана направа

Направата се состоела од пластичен шприц наполнет со хемикалии и експлозивен прав, кој бил сокриен во чевлите на напаѓачот. Според членот на американскиот

Verhinderter Anschlag auf Flugzeug in den USA

Аеродромот во Детроит

комитет за државна безбедност, Питер Кинг среќна околност е што била избегната поголема катастрофа. „Можеше да биде катастрофално. Направата била доста софистицирана, и е нешто што досега не било употребено. Според она што го знам, осомничениот дефинитивно бил на листата на набљудувани за можни врски со Ал Каеда“, изјави Кинг.

Абдулмуталаб бил пренесен во болница со тешки повреди на нозете и изгореници од 3 степен, но неговата состојба е стабилна. Во разговор со полицијата тој потврдил дека следел наредби на Ал Каеда, но анти-терористичките претставници ги земаат со резерва ваквите изјави и ја оставаат отворена можноста оти терористот делувал и на своја рака.

Засилени мерки за безбедност

Американскиот претседател Барак Обама кој е на божикен

Verhinderter Anschlag auf Flugzeug in den USA

Спречен терористички напад

одмор со семејството на Хаваи, веднаш по нападот нареди засилени безбедносни мерки на аеродромите во земјата. Американската администрација испратила апел до сите светски авиокомпании и аеродромски власти и тие да ги засилат безбедносните мерки, стравувајќи од поширок бран напади.

Во последните осум години ова е втор неуспешен обид за терористички напад врз авион во САД. Исто така за Божик, 2001 година британецот Ричард Рид се обиде да разнесе авион со бомба скриена во чевел. Рид беше осуден на казна доживотен затвор, која ја издржува во САД.

Автор: БГ/АТ/ап/ројтерс