1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Неуспешен обид за нормализација на односите меѓу претседателот и премиерот на Македонија

Куса средба меѓу македонскиот претседател Бранко Црвенковки и премиерот Никола Груевски, со само една заедничка оценка.

default

Средба Црвенковски - Груевски во кабинетот на претседателот

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски на средбата се согласиле само околу ставот дека пораките од Тирана и американскиот претседател Џорџ Буш се добра основа сите во Македонија одговорно да се фокусираат на реформите пред можната покана за членство во НАТО.

Иако средбата беше најавено од кабинетот на премиерот со покана за јавно одбележување, на камерманите не им беше дозовлен влез во претседателските соби и снимање на средбата Црвенковски - Груевски, прва по три месеци на меѓусебни критики и бојкотирање.

Претседателот е изолиран од владата

Претседателот дури и не е поканет на НАТО собирот во Охрид кон крајот на јуни. Неизвесно е и дали претседателот Бранко Црвенковски ќе ја прифати протоколарната улога само да понуди вечера за дипломатите од 40тина земји. Од друга страна владини извори му забележуваат на македонскиот претседател што со одликувањето за Македонската Православна Црква ја вовлекува црквата во политички води уште повеќе што е неизвесно и како ќе се изгради односот кон Исламската Верска Заедница во Македонија.

Разликите манифестирани веднаш по кусата средба

Деншната средба Црвенковски - Груевски траеше едвај 30тина минути но разликите беа манифестирани веднаш по изјавата на премиерот Груевски кој побарал од претседателот Црвенковски да влијае врз опозицијата за да се конституира републичкиот Судски совет важен орган во реформите на судството „ Во тој разговор го советував господинот Црвенковски за следното составување односно досоставување на Судскиот совет, да внимава при предлагањето на предлозите особено во делот на консултации со пратеничките групи, најмалку со пратеничките групи од опозцијата за да однапред се осигура дека ќе има поддршка на предлозите што ќе ги даде. Затоа што овојпат од една од двете опозициони партии според она што од нив беше кажано на средбите што ги имавме во присуство на претсавници на Меѓународната заедница, јасно ни беше кажано дека со нив немало никакви консултации и дека тие не стојат зад предлозите на господинот Црвенковски“ рече Груевски.

Оценката на премиерот предизвика брза реакција од кабинетот на шефот на државата

На оваа оценка од премиерот Груевски експресна реакција од кабинетот на Црвенковски. Претседателот на Македонија ниту сака ниту има уставни овластувања да ја има улогата на предводник на опозицијата, како што тоа го бара премиерот Груевски во убедувањето на СДСМ и ДУИ да гласаат за новите членови на републичкиот Судски совет. Двајцата кандидати што ги предлага претседателот Црвенковски не ја добија парламентрната поддршка токму од владеачкаотот мнозинство велат во кабинетот на шефот на државата.

Сеуште нема решенија за амбасадорските места

Разликите и јазот меѓу Црвенковски и Груевски не гарантираат дека наскоро ќе профункционира кохабитацијата особено при очекуваното именување нови амбасадори во влијателните европски дестинации и актуелната судбина на Воената болница како армиски или цивилен објект.