1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неуспешен напад врз американски авион

Во САД е спречен планиран терористички напад врз патнички авион. Еден од патниците сакал да активира експлозивна направа, но обидот бил неуспешен.

default

Лет 253: цел на терористички напад?

Прекуокеански лет од холандскиот град Амстердам до Детроит во САД денеска беше цел на неуспешен терористички напад, најверојатно организиран од Ал Каеда.

Контакти со Ал Каеда?

Бомбаш самоубиец се обидел да детонира софистицирана експлозивна направа во авионот кој превезувал 278 патници и членови на екипажот, но бомбата не детонирала, а тој се здобил со повреди. За напаѓачот, нигеријскиот државјанин, Абдул Фарук Абдулмуталаб, постојат сериозни сомневања оти одржувал контакти со Ал Каеда и дека експлозивот го набавил во Јемен. Патниците кои биле очевидци на настанот раскажуваат за вистинска драма во текот на последните 20-ина минути од летот. Откако напаѓачот ја активирал експлозивната направа, од неа почнал да излегува густ чад. Неколкумина патници веднаш го нападнале бомбашот и успеале да го совладаат заедно со авионската посада.

Засилени безбедносните мерки

Непосредно по обидот за напад бил информиран и американскиот претседател Барак Обама, кој нареди засилени безбедносни мерки за сите патници, соопшти Белата куќа во Вашингтон. Обама е во постојан контакт со совениците за безбедност. Во моментов нема промена на плановите за летање, рече портпаролот на претседателот Бил Бартон.

Автор: БГ/АТ/ап/дпа