1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неуспешен напад во „срцето“ на Њујорк

Тревога во Њујорк. Полицијата евaкуираше дел од Тајмс сквер на Менхетен откако во автомобил е пронајдена импровизирана експлозивна направа, која полицијата успеала безбедно да ја деактивира.

default

Гувернерот на Њујорк Дејвид Петерсон вели дека ова е терористички акт

Њујоршката полиција ја открила експлозивната направа во теренско возило од типот „Нисан Петфајндер“ , по што веднаш биле евакуирани повеќе станбени и деловни згради и илјадници туристи од улиците во близина на местото каде што се наоѓало возилото Тоа било паркирано спроти еден театар на Бродвеј и од него околу 18часот и 30 минути по локално време започнал да излегува чад, по што веднаш биле повикани пожарникарите. Тие во автомобилот ја пронашле направата која содржела експлозивни елементи како боци со плин, бензин, жици, некаков вид прав и временски детонатор.

Times Square Bombenalarm

На лице место веднаш дошла припадници на њујоршката полиција и агенти на Федералната полиција ФБИ. Тие успеале да ја деактивираат бомбата и веднаш започнале истрага.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека многу лесно овој инцидент можел да прерасне во смртоносен напад. Тој истакна дека засега не се знае кој го направил ова и зошто. Според него, бомбата била аматерски направена. Полициски претставник соопшти дека очевидци забележале човек кој на брзина го напуштил автомобилот, кога од него започнал да излегува чад.

Гувернерот на Њујорк Дејвид Патерсон пак инцидентот го нарече акт на тероризам.

„ За среќа никој не е повреден и сега целото внимание на градските државните и федералните безбедносни органи ќе биде насочено кон фаќање на виновникот за овој акт на тероризам“, рече Патерсон.

Американскиот претседател барак Обама ја пофали реакцијата на њујоршката полиција и на ФБИ и вети помош од другите федерални безбедносни агенции.

Автор: СН/ЖА/ртре/ап

Редактор: Жана Ацеска