1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нетанјаху не верува во дипломатско решение на проблемот со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се сомнева дека во спорот околу иранската атомска програма се’ уште е можно мировно решение. Тој во Вашингтон разговараше со американскиот претседател Обама.

Досега нема резултати ни од дипломатијата, ниту од санкциите, изјави Нетанјаху за време на неговата посета на Вашингтон. Истовремено подвлече дека Израел го задржува правото за самоодбрана.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го увери претседателот на САД Барак Обама дека Израел не донесол никаква одлука дали да ги нападне нуклеарните објекти на Иран, соопштија извори блиски до средбата.

На средбата со американскиот претседател Барак Обама претходно дојдоа до израз различните ставови во одонс на евентуалните воени мерки против Иран, за кого постои сомневање дека тајно работи на атомска бомба. Обама повтори дека ги држи отворени сите опции, но нагласи дека конфликтот се’ уште би можел да се реши по дипломатски пат.

Откако Обама апелирал за повеќе време, за да можат меѓународните санкции против Техеран да постигнат ефект, двајцата лидери се согласиле да ги координираат дејствијата за тоа прашање, но разликите околу нуклеарната програма на Иран не биле надминати.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска