1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нетанјаху бара Западот да повлече „црвена линија“ во спорот со Иран

Во Израел трае дебатата околу можен напад врз атомските постројки на Иран. Режимот во Техеран бара сојузник во Северна Кореја.

Израелскиот премиер Бенјамнит Нетанјаху го повика Западот да повлече „црвена линија“ во атомскиот спор со Техеран. „Иран не гледа меѓународна решителност за запирање на неговата атомска програма“, рече Нетанјаху денеска (02.09) за време на седницата на владата во Тел Авив. Без јасно да се повлече граница, Техеран и натаму ќе бележи напредок во насока на создавање атомска бомба, нагласи Нетанјаху.

Израел и САД имаат намера во октомври да одржат досега најголеми воени маневри. Израелската армјиа соопшти дека станува збор за рутинска воена вежба, која нема врска со актуелните случувања.Сепак, вежбата предизвика големо внимание, со оглед на тензиите со Иран околу атомската програма.

Иран, во меѓувреме, бара свои сојузници. Земјата има намера во иднина да соработува поблиску со Северна Кореја. Двете земји вчера во Техеран потпишаа повеќе договори, соопшти канцеларијата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, оцени дека Иран и Северна Кореја имаат заеднички непријатели и двете треба да да се спротивстават на притисокот и заканите за да ги исполнат своите цели.