Неспортски прекршоци | Теми | DW | 10.07.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Неспортски прекршоци

На СП во фудбал за играчи до 17 години, германската репрезентација ги одушеви набљудувачите со својот „негермански“ стил на игра. Тоа и не изненадува, затоа што најголем дел од младите играчи потекнуваат од странство.

default

Дури 11 играчи од актуелниот состав од 21 репрезентативец кои учествуваат на Светското првенство У17 во Мексико имаат родителски корени надвор од Германија. Големо мнозинство од малиот „Елф“ потекнува од Турција, дури осуммина од нив. Главна ѕвезда на тимот е Самед Јесил, кого уште во тинејџерските денови го споредуваат со најголемиот германски голгетер во историјата - Герд Милер. Освен овој млад играч од подмладокот на Бајер Леверкузен, столбови на тимот се и капитенот Емре Цан и Корај Гинтер.

Нивните добри игри не ги пропуштија ниту будните очи на турските скаути кои делуваат во сите делови на Европа. Германија е за нив „плоден пазар“. Во земја со околу три милиони турски „гастарбајтери“ има многу талентирани момчиња кои сонуваат за професионална кариера.

Особено на мета на скаутите се Турците родени во Германија, деца кои пораснале и се социјализирале во германските градови. Иако се образувани во германските фудбалските клубови, само мал дел од нив воопшто се одлучуваа за германско државјанство, а уште помалку успеваа да се изборат за правото на настап во германската сениорска репрезентација.

Deutsche Welle Türkische Redaktion Bahaeddin Güngör

Баха Гингер

Играчот на Реал Мадрид, Месут Езил е исклучок, а не правило. Но нему, многумина во Турција и во Германија никогаш не му простија што се одлучи за германскиот дрес.

Мнозинството млади Турци пораснати во Германија на крајот сепак се одлучуваат да настапуваат за Турција. Нури Шахин, Хамит и Халил Алтинтоп се најсвежи примери. Познатиот турски скаут за подрачјето на западна Европа, Ердал Кесер веќе е активен. Тој се обидува да убеди два-тројца играчи од актуелната селекција на играчи под 17 години да настапуваат за земјата на нивните предци - Турција.

Загрозена интеграција во општеството

Тоа не му се допадна на Матијас Замер. Спортскиот директор на германската фудбалска федерација остро ги критикуваше турските обиди за „врбување“ на неговите играчи. Реакцијата е разбирлива, бидејќи сите тие играчи без разлика дали потекнуваат од Турција, Полска или од арапскиот свет, се родени во Германија и Германија вложи многу средства во нивното фудбалско школување. Оттука, турските обиди го загрозуваат опстанокот на еден тим кој ја симболизира успешната интеграција во германското општество. Скаутите вршат притисок и врз нивните родители, дури и врз поширокото семејство, за да ги убедат да се определат за својата „татковина“. Тие акции со мирно срце можат да се наречат „неспортски прекршок“ во емотивниот свет на доселениците.

Турските обиди за „врбување“ на играчите во Германија го загрозуваат и макотрпниот процес на креирање на модел за интеграција на доселениците и нивните деца во германското општество. На германската фудбалска федерација и на директорот Замер ќе им биде потребна голема поддршка за да ги задржат овие млади играчи и да им објаснат дека во Германија ги очекува подобра иднина.

Автор: Баха Гингер

Превод: Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска