1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Несогласување со политиката на Буш во Ирак

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изрази несогласување за ирачката политика на претседателот Џорџ Буш,усвои Резолуција со 246 гласа со која се бара промена на стратегијата

Од Буш се бара промена на стратегијата

Од Буш се бара промена на стратегијата

Особено болно за претседателот:против него гласаа и 17 пратеници од неговата Републиканска партија.

Тие не се согласуваат со испраќањето дополнителни 21.500 војници во Ирак.

Истата дебата ќе се води и во Сенатот денеска,иако,како што нагласува Белата куќа,заклучокот не е обврзувачки и не мора да води кон промена на политиката кон Ирак.Сепак,претседателката на Парламентот од опозиционата Демократска партија,Ненси Пелоси е повеќе од задоволна од гласањето:

-Оваа надпартиска резолуција не мора да биде обврзувачка,но таа е јасен сигнал за претседателот.

Освен тоа,за неа тоа е и јасен знак за потреба од нова ирачка стратегија:

-Ни треба нов налог,почеток на повлекување на нашите војници,повеќе дипломатија,поголема обнова,а ние мораме повторно целосно да се концентрираме во борбата против тероризмот.

Тоа би значело засилена потрага по Осама бин Ладен и терористите на Ал Каеда.

Во меѓувреме,Пентагон соопшти дека три месеци порано од планираното,во Ирак ќе биде испратена единица со илјада американски војници.