1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Несогласувањата се надминати

Барањето да се гласа за доверба на владата ги мобилизираше партиите од владеачката коалиција.

default

Мендух Тачи, ДПА

Во партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ средба на партијата на Никола Груевски со делегација на ДПА.

Премиерот Никола Груевски изјави дека сите несогласувања во коалицијата се надминати, а потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи за договорот на премиерот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажа: “Се согласивме дека ова беше само записник што констатира што е разговарано на средбите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Албанците во Македонија имаат многу повеќе потреби од тоа што е констатирано во него и ние како владеачка партија ќе се грижиме за нивна реализација. “

Зоран Ставревски од раководството на ВМРО ДПМНЕ ја искритикува опозицијата дека нема чувство за државност штом бара интерпелација во вака важен период за Македонија: “Ние сме многу блиску до добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ, но за жал СДСМ не покажа чувство за државност, разбирање за големината на историските моменти и ги стави теснопартиските и себични интереси над интеграцијата во ЕУ и НАТО. “

По средбата со ДПА, се очекува и средба со третиот коалиционен партнер, НСДП на Тито Петковски.