1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Непресметливите“ држави добиваат дипломатска вредност

Дали западот практикува синтеза на политика на интереси и на мир?

default

Никола Саркози и Башар ал Асад во Дамаск

„Во арапскиот свет оваа недела настапува нова ера“, најави Германската новинска агенција, ДПА, која инаку важи за трезвена. ДПА се повикува притоа на фактот дека со либискиот револуционерен водач кој старее, Моамер ел Гадафи и сеуште младиот, но политички искусен сириски претседател, Башар ал Асад, двајца арапски лидери кои на запад долго време важеа за “лоши“, се ракуваат двајца високи западни политичари - американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс која е на гости во Либија и францускиот претседател Никола Саркози, кој два дена престојуваше во Сирија.

Нови ери или стари шеми?

“Нови ери“ во арапскиот свет досега се прогласувани повеќепати, главно избрзано. Во значаен дел од регионот и натаму ги има старите конфликти и непријателства, терор и окупација, социјална сиромаштија и политички репресии. Токму режимите во Дамаск и Триполи во поглед на заштитата на човековите права имаат мизерна состојба.

Сепак, кај нив има и позитивен развој, кој не може да се заобиколи - Либија се откажа од оружје за масовно уништување, ги обештети роднините на загинатите во терористички напади, по долга партија покер ги ослободи бугарските медицински сестри и играше конструктивна улога при ослободувањето на странски заложници во различни земји.

Сирија, пак, има намера да ги нормализира своите односи со Либан и се чини сериозно ја разгледува можноста за мир со Израел, доколку ја добие назад Голанската висорамнина. Западните земји би направиле добро, доколку не опстојуваат и натаму на изолација или употребуваат стратегија на „промена на режимот“. Би требало да се води „реал-политка“, значи политички дијалог и понуда на, пред се‘, економска соработка. Нешто, што од германска страна, и покрај во некои делови, големите дилеми на канцеларката, го практикува и министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер.

Сопствените интереси се важни

Западот со двете земји е поврзан и преку сопствените интереси. Соработката со Либија е потребна не само кога станува збор за решавање на проблемот со илегално доселување од Африка, туку Либија е и атрактивен лиферант на нафта. И, западот има интерес да соработува со режимот во Триполи по безбедносни рашања и да не дозволи Либија, слично како што тоа делумно се случи со Јемен и Алжир, да стане скривалиште за насилнички настроени екстремисти. Што се однесува до Сирија, очигледно е дека Саркози амбициозно настојува на успех на проектот за средоземноморска унија.

Сепак, западната политика не би требало во никој случај да негува илузии. Асад е вешт тактичар кога е во прашање власта и досега одржува блиски односи со Техеран и со либански Хезболах. Токму овие врски, меѓу другото, ја прават Сирија силна. А, Гадафи секогаш го бидувало за изненадувања.

А, и надежта што некои арапски коментатори ја имаат за посилна улога на Франција и Европа, по можност врз грбот или дури и целосно на местото на Американците, кои на многу места се несакани, е повеќе нереална отколку реална. Поверојатно е дека ќе се почека на навистина значаен напредок, како што би бил сириско-израелски мировен договор. Барем дотогаш додека на функција не бидат поставени и нова израелска и нова американска влада. Можеби и дури по решението на, со симболика полниот, палестински конфликт.