1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неправилности имало

Во Иран, првпат од официјална страна, дојде потврда дека на изборите имало неправилности. Советот на чуварите на револуцијата констатира дека во 50 градови имало повеќе дадени гласови, отколку што има избирачи.

default

Континуирани демонстрации

Претставник на Советот на чуварите на револуцијата за една иранска телевизија изјави дека неправилностите се однесуваат на околу три милиони гласови. Советот е моќен контролен орган во Иран. Неговите членови ги проверуваат сите закони што се поднесени во парламентот дали се во согласност со исламските принципи. Освен тоа, кај сите важни политички решенија Советот го има последниот збор. Откако констатира дека имало неправилности на претседателските избори, Советот нагласи дека сепак треба да се провери дали тој вишок на гласови бил решавачки за исходот на изборите.

До информации се доаѓа тешко

Инаку, опозициониот кандидат Мир Хосеин Мусави синоќа ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите, но побара од нив и да бидат воздржани, со оглед на насилното постапување од страна на безбедносните сили. Сведоци известуваат дека и синоќа можеле да се слушнат истрели од повеќе делови на главниот град Техеран. Наводно, преку мегафони демонстрантите скандирале „Смрт на диктаторот“. До

Thema Internet und Iran

подробности тешко се доаѓа, откако иранските власти се’ повеќе ја ограничуваат работата на странските известувачи. И во текот на вчерашниот ден имало повторно апсења и протерувања на новинари.

Жан Франсоа Жијар, генерален секретар на организацијата „Репортери без граници“, зборува за „натамошен чекор кон многу сериозен блекаут за информации“, односно кон спречување на секакви информации за случувањата во Иран и искажа загриженост поради таквото решение на иранските власти.

Конфронтацијата меѓу двата политички табора во земјата се заостри откако врховниот водач Али Хамнеи, во петокот недвосмислено се стави на страната на претседателот Махмуд Ахмадинеџад и исклучи можност дека постоело фалсификување на изборите од голем обем. Поранешниот претседател Мохамед Хатами, кого го сметаат за реформатор, предупреди дека со воведување вонредна состојба, силите за безбедност и војската би можеле да ја преземат власта. Водачот на опозицијата Мусави и’ префрли на владата дека е одговорна за смртта на најмалку 10 демонстранти во саботата, оти, според него, забраната за демонстрации од страна на министерството за внатрешни работи довела до насилните судири меѓу луѓето што протестираат и силите за безбедност.

„Иран е на крстопат“

Во меѓувреме расте и меѓународниот притисок врз иранското раководство. Германскиот канцелар Ангела Меркел побара нови избори.

Deutschland Tag der Deutschen Industrie 2009 Angela Merkel

Ангела Меркел

„Човековите и граѓанските права се неделиви и поради тоа ние во Германија сме на страната на луѓето и на мирните демонстранти во Иран, кои сакаат да го искористат своето право на слободно искажување на мислењето“, рече Меркел.

Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер смета на натамошна ескалација.

„Ситуацијата се заостри и поради тоа велам дека Иран е на крстопат: или сите политички сили ќе успеат да доведат до олабавување на настанатата политичка ситуација, или во спротивно, се заканува натамошна ескалација“.

Американскиот претседател Барак Обама побара од иранските власти да ги запрат сите „насилни и неоправдани постапки против луѓето во сопствената земја“.


Автор: ЗЈ/ЖА/дв/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска