1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неподносливи затворски услови - судбината на опозиционерите во Белорусија

Горди 82 проценти гласови - ова беше резултатот со кој авторитарниот претседател Александра Лукашенко по изборите на 19 март се прогласи за победник. Но тоа не беа ниту слободни ниту фер избори - гласи пак пресудата на изборните набљудувачи, ЕУ, САД и опозицијата во земјата. Mировните протести се претворија во апсење на демонстрантите. Која е судбината на уапсените опозиционери во земјата?

Вооружени полицајци против демонстрантите

Вооружени полицајци против демонстрантите

Протестната акција на опозиционерите на 25 март во Минск беше посветена на 88 годишнината од прогласувањето на Белоруска Народна Република, така наречениот „ден на волјата“. Но волјата на демонстратите беше скршена.

Податоците за бројот на уапсените се различни. Според белоруското врховно обвинителство уапсени се се’ на се“ околу 500 лица, организациите за човекови права зборуваат за 1000 демонстранти. Меѓу упасените се наоѓа и еден од водачиоте на опозицијата Александар Милинкиевич. Нему му се заканува повеќегодишна казна затвор, поради обвинението организаиција на немири. На лекарите им беше забрането да ги регистираат лицата кои побарале медицинска помош, така што бројот на повредените е непзонат. Затворите се противат да објават и листа со имињата на уапсените. Во меѓувреме во јавноста се пробиваат информации за неподносливи услови во затворите. На Катја Зхилинскаја, една од уапсените демонстранти и успеа од полицијата да го сокрие својот мобилен телефон за Дојче Веле таа рече:

„Конфискувани се сите наши работи. Не сум спиена. Има луѓе кои три дена минаа на централниот плоштад во Минск. Сите седиме на земја. Нема душеци, нема ништо освен челични кревети. Греењето речиси и да не работи. Иако имаме мантили, се смрзнуваме.“

На 27 март се оддржа првите судски процеси. Обвинението гласи „учество на недозволени масовни акции “ и „ вандализам“ . Во меѓувреме околу 300 луѓе од затворот во Минск се осудени на казна затвор од 5 до 15 дена. Повеќето од уапсените се студенти, а меѓу нив има и државјани на Франција, Полска, Канада и Украина. Според податоци на белорускиот совет на новинари меѓу уапсените се наоѓаат и 12 новинари. Покрај владите и амбасадите на земјите и меѓународната организаиција Репортери без граници побара од Белорусија веднаш да ги ослободи новинарите. Германскиот Бундестаг во средата ја повика Белорусија да ги ослободи сите уапсени лица.