1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Неочекувани прогнози

Европа во наредните месеци ќе се соочи со растечка инфлација, а порастот во стопанството ќе опадне. ЕК ја намали прогнозата за очекуваниот пораст. Еврокомесарот за економија, Алмуња сепак оптимист.

default

Жоаким Алмуња

Се се’ собра одеднаш: финансиска криза, рекордни цени на суровините и се послаба американска коњунктура. Натежнатите проблеми во светското стопанство предизвикуваат загрижувачки прогнози и во ЕУ. Европската комисија ја намали прогнозата за очекуваниот пораст. За Евро зоната Брисел очекува 1,7 проценти пораст за годинава, што е за половина процентен поен помалку од првичните прогнози. Ќе има помал пораст од колку што се очекуваше, но европското стопанство е се уште стабилно, вели Еврокомесарот за економија, Жоаким Алмуња

„И натаму ќе бележиме пораст и ќе отвараме нови работни места, нашите бројки сепак се подобри од оние во другите индустриски земји, како Јапонија или САД.“

Загрижува растечката инфлација

Но, Европската комисија е загрижена од постојаниот пораст на цените. Во ЕУ е регистрирана инфлација од 3,6%, што претставува и социјален проблем. Алмуња појаснува.

„И во ЕУ и во еврозоната, како и во останатиот дел од светот најсиромашните и најслабите сектори во општеството се најпогодени од инфлацијата“.
За инфлацијата да не расте, туку да расте стопанството, земјите членки мора да преземат конкретни мерки. Во случајот со Франција, Алмуња е категоричен. Париз мора да си го среди буџетот, во спротивно Брисел се заканува со соодветна казнена постапка.