1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неочекувана ренесанса на Арапската лига

Арапската лига реагира вчудовидувачки решително во случајот со Сирија-реакција на епохалните промени и регионалните поместувања на моќ во арапскиот свет. Од импотентна организација почна да се развива во активна заедница

default

Логото на Арапската лига

Арапската лига со децении важеше за импотентна заедница на држави, пропадната организација без препознатливи структури и без какво било политичко значење. На меѓународната сцена овој „арапски тигар од хартија“ често делуваше смешно. За многумина набљудувачи и демократски активисти таа беше отелотворение на „арапска неутралност“, која се изразуваше пред се‘ преку политички застој и немоќ на луѓето на улиците. Но, се чини дека промените што ги донесе арапската пролет ја ослободија организацијата од нејзината пасивност.

Интервенцијата за Либија беше пресврт

Изненадувачкиот ангажман на Арапската лига почна во март годинава, среде конфликтот во Либија, кога таа првпат во својата 66-годишна историја даде согласност за интервенција однадвор. Со тоа што побара воведување зона на забрането летање над Либија, таа ја легитимираше интервенцијата на НАТО во

Syrien Arabische Liga

Одлуката за Сирија на Арапската лига е сосема нешто друго од случајот со Либија

арапскиот свет и со тоа се збогуваше со принципот на немешање во внатрешните работи на другите арапски држави. Пресвртот е забележителен. Тој се должи во прв ред на регионалните поместувања на моќта пред револуционерниот бран, но и на тоа дека арапските народи се враќаат на политичката сцена како фактор на моќ.

Режимот на Гадафи во Либија на повеќето членови на Лигата им беше омразен и регионално беше во голема мерка изолиран. Случајот на Сирија е поинаков - земјата историски и културно му припаѓа на јадрото арапски држави и важи за лулка на арапскиот национализам. Режимот на Асад смета дека кај населението треба да се претставува како претпоставен бранител на арапските интереси против хегемонијалното влијание на Западот. Освен тоа, Сирија има стратешка алијанса со Иран и Хезболах во Либан, моќните сојузници во регионот.

Одлуката на Арапската лига за суспензија на Сирија од организацијата поради непридржување до договорениот план за посредување треба да се гледа врз основа на овие аспекти. Тоа е сосема различно од гласањето против Либија.

Катар и Саудиска Арабија се движечките сили

Ваквиот невообичаен ангажман на Арапската лига, сепак, нема ништо заедничко со одушевување од демократијата во државите кои во моментов го диктираат тонот, ниту пак со симпатии за сириските бунтовници. Конечно, речиси сите членки на Лигата ги задушуваат мирните протести и отфрлаат темелни демократски реформи во нивните земји.

Монархиите богати со нафта, Саудиска Арабија и Катар, сакаат да ја искористат шансата од пресвртот во своја полза. Владејачкото семејство во Доха сака да го

Syrien Arabische Liga

За новиот курс на Арапската лига има многу причини

етабалира мини-емиратот во регионална сила. Притоа, вешто ја користи својата чек-дипломатија и телевизијата Ал Џазира како медиумски инструмент.

Стратезите во Ријад, пак, гледаат друга историска шанса - по падот на Садам Хусеин во Ирак се зголемува влијанието на Иран. Ако сојузникот Башар ал-Асад си замине од власт во Сирија, тогаш би можело да се намали и влијанието на Техеран. Владејачките елити околу кралот Абдула се цврсто убедени дека во Сирија по Асад би владееле сунитски сили, кои ќе бидат поблиски до „сунитското јадро на исламот“, отколку до шиитска верска држава. Без режимот на Асад, Хезболах во Либан, кој е иранскиот Тројански коњ, исто така нема веќе да биде некоја величина.

Но, Арапската лига не е принудена да интервенира само поради очигледните стравови на арапските заливски монархии од иранска доминација. Тука се и моменталните слабости на Западот. Тој првпат не игра некоја значителна улога во обликувањето на новиот распоред на сили на Блискиот исток, што е потврда за новиот курс на Арапската лига.

Автор: Лоуеј Мадхун / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска