1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

(Не)оправдани реакции на екстерното тестирање!?

Резултатите од екстерното тестирање, односно ранг листата на професорите и наставниците ќе биде подготвена во идните месеци. Пред започнувањето на новата школска година ќе се знае дали и колку тие објективно оценувале.

Во екстерната евалуација, која оваа година за првпат се спроведува, влегуваат 15.000 наставници и професори. Ако знаењето што го покажале учениците и средношколците биде пониско за две оценки од онаа што ја добиле во текот на годината, професорите и наставниците ќе бидат казнети со 20% пониска плата. Средствата што ќе им бидат одземени на казнетите, ќе служат како награда за оние кои објективно оценувале.

Изминативе две недели екстерни тестови полагаа вкупно 193.176 ученици од четврто одделение до трета година средно училиште. Резултатите први ги добиаја осмооделенците. Нивниот просек изнесува 3,53. Останатите резултати ќе бидат објавени во текот на втората испитна сесија од 17 до 21 јуни, а ќе полагаат уште 15.000 ученици кои оправдано отсуствувале или се соочиле со технички проблеми во првата сесија. Оние со неоправдано отсуствуво нема да добијат свидетелство, најавија од Министерството за образование и наука.

Spiro Ristovski

Министерот Спиро Ристовски

Министерот Спиро Ристовски, во совојата оценка за спроведувањето на процесот, истакна дека постојат и пропусти. Тој најави дека можни се промени во системот:   

„За нас најважно беше процесот да започне во оваа прва година. Тој започна и со оглед на обемот и опфатот на материјата со која се работи и количината на ученици кои што се вклчени во процесот, оценката е дека проектот е успешно започнат. Факт е дека постојат недостатоци кои се дијагностицирани во целиот период, од страна на училиштата. Тие ќе треба да се разгледаат и веројатно ќе има извесни промени во целокупниот систем. Меѓутоа, тоа ќе биде направено во многу потранспарентна постапка и во подолг рок за да се санираат и избегнат пропустите.“ 

Екстерно во поинаква форма

Какви ќе бидат ефектите од тестовите и како наставниците ќе рагираат по објавувањето на резултатите, допрва треба да се види. Оваа реформа во образовниот систем е најавена во владината програма од 2006 година. Во 2009 година процесот беше запрен од Уставниот суд, но сепак министерството најде начин за таа да биде спроведена.

Минатиот месец, само неколку дена пред да започне тестирањето, дел од наставниците, учениците и професорите излегоа на протести во неколку градови во Македонија. Тие бараа да запре спроведувањето на процесот. На протестите учениците истакнаа: „Со ваквата постапка на министерството за образование, очигледна е недовербата во просветните работници.“

Schulzimmer in der Grundschule Blaze Koneski in Veles

Училница во училиштето „Блаже Конески“ во Велес

Наставниците пак сугерираа дека екстерното тестирање треба да спроведе, но во друга форма: „На пример, цела година да се следи детето: редовноста, активноста, тестирањата... Од сето тоа професорот нека извлече една оценка, плус оценката од екстерното тестирање и потоа да се најде средна оценка“, истакна еден просветен работник.

И покрај протестите, сепак учениците седнаа пред школските компјутери. Дел од нив не беа среќни што треба да полагаат. Други пак го одобруваат екстерното тестирање, но во поинаква форма: „Треба да има екстерно, но не вакво какво што е. На пример за јазиците треба да се оценува и пишување и граматика и конверзација.“ 

Во јавноста излегоа информации дека одредени училишта се соочуваат со проблеми од техничка аспект. Постоеше загриженост за тоа дали е можно ваквите проблеми да влијаат врз оценките, односно учениците да бидат оштетени?

Учениците од скопските гимназии, со кои разговаравме, не се пожалија на технички проблеми, но дека ги тестираат по предмети за кои немаат учебник: „Не тестираат ликовно, а ликовно не се учи од учебник, туку се црта. Како сега не тестираат за цел учебник по ликовно“, праша ученичка од гимназијата Ј.Б.Тито. Други ученици пак коментираат дека постојат лекции кои не се обработени во текот на годината: „Не сме учеле одредени лекции по математика, а ги има во прашањата на екстерно“, вели ученик.  

Учениците имаат право на приговор

По ваквите реакции, од Министерството за образование и наука истакнуваа дека ефектите од ваквите реформи треба да се видат на подолг рок, а за екстерното тестирање, министерот Ристовски е убеден дека ќе биде основа за создавање на европски образовен систем во Македонија. 

Оценките од екстерното тестирање ќе бидат внесени во сведителствата на учениците и ќе влијаат врз нивниот успех. Учениците кои сметаат дека добиле пониска оценка поради грешки и пропусти имаат законско право да се жалат во рок од 3 дена по објавувањето на резултатите.