1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неодобрување, но не и формална осуда на намерите на Пјонгјанг

Невобичаено недипломатски зборови во Советот за безбедност на ОН во расправата за најавеното тестирање на атомска бомба од страна на Северна Кореја.

Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН

Американскиот амбасадор Џон Болтон побара јасни консеквенции за Северна Кореја: „Советот за безбедност не може на провокацијата од Пјонгјанг едноставно да реагира со парче хартија“. Вашингтон сака јасна стратегија на Советот за безбедност во случајот со Северна Кореја, но не очекува големи акции, за што вината им ја префрли на, како што рече Болтон, нејзините заштитници.

Со тоа предизвика лутина кај кинескиот колега Ванг Гуанѓа: „Не знам на кого мислеше тој, но за лошото однесување на овој свет неа нема никој да ја штити“. Невообичаено недипломатските зборови на кинескиот амбасадор беа упатени во обете насоки: „Ако Севернокорејците го спроведат тестот, тие мораат да сметаат на сериозни консеквенции“.

На пример, оние од главата седум на Повелбата на ОН, која дозволува и воени акции, а Кина инаку по секоја цена ги избегнува. До таму патот е се’ уште далеку, но сите во Советот за безбедност беа согласни дека Северна Кореја мора да се врати на шестпартитните преговори. Клучот за тоа е кај Вашингтон, уште еднаш му префрли Ванг на Болтон: „Ова не е работа меѓу Кина и Северна Кореја. Да имаше некаков напредок меѓу САД и Северна Кореја, ќе имаше и помалку недоверба меѓу нив и секако ќе водеше кон добар резултат“.

Експерти сега треба да разработат еден документ во шест точки во кој Советот искажува загриженост поради најавите од Пјонгјанг, атомскиот тест го осудува како опасност за меѓународниот мир и бара од Северна Кореја веднаш и безусловно да се врати на преговарачка маса.