1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Неодговорниот однос на Грција-пречка кон ЕУ

Шефот на унгарската дипломатија Петер Балаш денеска (31.03.2010) во Скопје изјави дека не е сигурен оти сите земји од Западен Балкан до 2014-та година ќе бидат членки на ЕУ. Милошоски ја обвини Грција за неискрен однос.

default

Антонио Милошоски и Петер Балаш

Со ова Балаш ја објасни својата изјава дадена пред два дена, а пренесена од медиумите вчера, според која тој оценува дека грчката „Агенда 2014“ за влез на сите земји во ЕУ до 2014-та година е нереална.

Балаш во Скопје по средбата со шефот на македонската дипломатија Милошоски истакна дека по дводневниот состанок во Будимпешта со неговите колеги од Србија, Хрватска и Грција произлегле позитивни пораки за интеграција на западниот Балкан во ЕУ.

„ Работиме на агендата 2014. Сакам да нагласам дека вниманието треба да биде насочено кон заедничката декларација на четирите земји, што е нашиот вистински глас. Со жалење можат да кажам дека медиумите понекогаш ги пренагласуваат нештата што ги изјавуваме. Ние гласно говориме за забрзување на процесот на интеграција. На самиот крај добив прашање: ’Господине министер, дали мислите дека сите земји од западен Балкан ќе бидат полноправни членки на ЕУ до 2014-та година?’. Ова беше прашањето. Мојот одговор беше дека не сум сигурен дека сите ќе се зачленат до 2014-та година. Ова е разумен одговор на прашањето. Бидејќи зависи од самите земји. Затоа не сум сигурен дека сите земји ќе се зачленат. Зависи од самите земји, и зависи од 27 земји-членки на ЕУ. Пристапувањето на нови членки бара консензус во рамките на ЕУ“, изјави Балаш.

Македонија ќе беше членка на ЕУ, да не беше грчкиот неодговорен однос

Милошоски пак на заедничката пресконференција ја истакна улогата на Унгарија која во Унијата ужива репутација на земја-членка што има свој традиционален интерес и активности во рамките на југоисточна Европа.

Informelles EU-Außenministertreffen in Stockholm

Тој порача дека Македонија веќе ќе беше членка на ЕУ доколку не бил неодговорниот однос на Грција. Милошоски обвини дека, кога станува збор за евро-интеграцијата на Македонија, не постои искрен однос од страна на Грција.

„Мое лично убедување е дека доколку овој попречувачки и неодговорен однос не се случуваше во изминатите две децении, Македонија веќе ќе беше членка на ЕУ, во најмала рака заедно со Бугарија и Романија, според перформансите и мотивацијата што ја имаме на тој план. Сметаме дека доколку Грција сака искрено да го промовира планот ’Агенда 2014’, би требало да го смени својот однос кон прашањето на евроинтеграциите на Република Македонија, и својот однос кон најмладата држава кон регионот, Република Косово“, изјави Милошоски.

Автор: СН/ БГ/ АЧ/ миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM