1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нена - старата и ново откриена sвезда

Позната пејачка на поп музика Нена е една од водечките членови на музичкиот проект кој во Германија успешно собира пари со кои им се помага на децата во светот. Нена со својата насмевка, со својот млад дух и се разбира со црвениот нос, како и сите други во бендот повторно преку оваа акција ги освои срцата на Германците. Но секако и им извлече пари од џебовите. Знаете ли за која Нена говориме? Се сеќавате ли на 99 луфтбалони? Низ нашава музичка прошетка ќе дознаете повеќе за старата и ново откриена поп sцезда Нена.

За какво чудо се работи и што се крие зад кампањата Ред Ноус или црвени носови?

Во 1985 во Бритнија од група уметници беше инициран денот на црвениот нос. Првичната идеја беше со помош на забава и комедија јавноста да се запознае со сериозните проблеми на децата кои гладуваат во Етиопија. Организаторите не сакаа потенцијалните донатори да ги мотивираат со тоа што кај нив ќе предизвикаат сочувство, шок и лоша совет, затоа создадоа концепт на "помош преку хуморот".

Интересно е тоа што во овој проект учество змеаат многу проминтни лица како на пример Роби Вилијамс, Викторија и Дејвид Бекам, Џони Дип , Мистер Бин во Англија односно во германскиот пандан се ангажирани исто така многу sвезди од музичката и шоу браншата како Михал Були Хербиг, Штефан Раб, Удо Линденберг, Нена и пријателите кои воедно и ја отпеаја песната која ја пратеше цеалата акција годинава.

Овој концепт се покажа како многу усешен во Германија па уште од сега се планира наредната акција во 2004 година. Мотото за денот на црвениот нос во наредната година е "Црвена коса за децата во беда".

Ја познавате ли Нена? Нена е истата онаа sвезда со јасен глас на која во 1983 на глас и успеа меѓународен пробив.

" Музичките снимки соеја во регал неколку месеци но еден телевизиски настап промени се'.Таков беше почетокот. "

Настапот во ТВ - шоуто на 17 август 1982 година е она што на Нена и ги отвори портите за меѓународна кариеа.

Пред 20 години нејзините настапи во црвени, кожни, мини сукњи беа исто толку легендарни колку што денеска се популарни и нејзините евергрини на забавите. Нена денеска ги модернизира старите песни и се уште издава албуми.

Нена потекнува од Хаген. Нејзиното вистинско име е Габриеле Кернер. На еден одмор како дете со нејзините родители во Шпанија, шпанските деца ја нарекуваат Нења, а подоцна од нејзините родители го добива и прекарот Нена. Како девојка започнува да го изучува златарскиот занает но набрзо заклучува дека тоа не е вистинската професија за неа. Поради нејзините интереси за музиката неколкупати настапува во живо, а потоа заминува за Берлин.

Таа е дел и од тогашниот така наречен нов германски бран чие кредо беше: Се' е можно и пред се' за првпат се пееше на германски:

" Започнав да ги пишувам првите редови на германски и сметав дека тоа и не е така лошо. Никогаш не верував колку тоа е лудо. Тој е мојот јазик а јас навистина имав бариера. Но кога ја надминав, ми стана јасно, дека тоа е јазикот на кој најдобро можам да се изразам."

Со песната "99 луфтбалонс" Нена се разви во мега sвезда.Со оваа песна таа докажа дека не мора да се пее на англиски за да се постигне успех.

" Мојата тогашна издавачка куќа рече, дека песната не е доволно комерцијална, тие и не сакаа да ја издадата како сингл, но таа стана светски хит. "

Во 1986 година почнува да опаѓа комерцијалниот успех на Нена и нејзиниот бенд, а во 1987 година се распадна групата во која уште членуваа и Јирген Демел, Уве Фаренкрог - Петерсен и Ролф Брендел.

" Постојано свесно се обидувавме , да не ги загубиме задоволството и радоста, но тоа сепак се случи, ние воопто немамавме веќе задоволство да работиме заедно, тогаш бендот се распадна. "

Но ова не значеше и крај на кариерата на Нена. Покрај падот во кариерата и на приватен план доживува тешки удари на судбината. Во 1988 година и се раѓа прво дете со пречки во развојот кое набрзо потоа и почина.

Нена вложува многу во тоа да се разбере себе си и светот. Се занимава и со литература за филозофите и го следи будистичкото учење. Таа денеска има 43 години и четири деца. Живее во Хамбург. Во последниве години успеа повторно да се пробие до првите редови на музичката сцена.

Уште кога бев девојче бев фан на музиката на Нена вели оперската sвезда Цецилија Бартоли. Јас израснав со 99 луфтбалони и му се радувам на камбекот вели оваа позната Италијанка. Јас на германски ја пеев песната иако не го знаев значењето на зборовите. Дали и вам не ви се случува нешто слично кога ја слушате музиката на Нена? Дали ја познавате или не? се надеваме би се допадна музичкава прошетка низ животото на познатат германска поп sвезда која ги сака децата и пее за нив со залепениот црвен нос. Нена е уникум кој треба да се види и да се чуе.