1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ненадејна посета на Багдад

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и нејзиниот британски колега по функција Џек Стро беа во ненајавена посета на Багдад. Нивна цел е да го забрзаат процесoт на формирање на нова ирачка влада.

Рајс и Стро во Багдад

Рајс и Стро во Багдад

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс јасно нагласи дека конечно е време да се формира нова ирачка влада. Ирачкиот народ губи трпение потенцираше Рајс во неделата на разговорите со шиитските, сунитските и курдските политичари во Багдад и додеаде дека се потребни алтернативи за демократска иднина „Се разбира дека е осетливо кога со години постојат разлики меѓу етнички групи и луѓето се обидуваат да ги надминат овие разлики преку насилство и репресија и сега сакаат да го сторат истото и во политиката и при постигнувањето компромиси. Но треба да бараме алтернативи. А тие алтернативи се дека овие луѓе треба да продолжат да живеат. Ирак сега се наоѓа на тежок пат за да создаде подемократска иднина.“ истакна Рајс за британската телевизија

Кондолиза Рајс заедно со нејзиниот британски колега Џек Строу на разговорите во Багдад со ирачкиот претседател Џалал Талабани ја изразија и својата воздржаност спрема Ибрахим ал Џафари. Недостасува сила за интеграција, која треба да ја поседува еден премиер во моментов во Ирак, гласеше нивната опомена. Имено до сега на Џафари не му успеа, да ги придобие за соработка во неговата валада пред се малцинството на сунитите

За ситуација во Ирак своето мислење за британската телевизија го истакна и шефот на британската дипломатија Џек Стро „Го потценив степенот на злобност на тероризмот во Ирак.“

Ирачкиот министер за надворешни работи пак Хошијар Себари за американската телевизија Си Ен Ен вака ја оцени посетата на Рајс и Стро „Пораката што тие ја донесоа има два дела: едната е дека е итно е потребно да се формира нова ирачка влада.“ рече Себари