1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Немири на Западен брег

*

Во Хеброн на Западниот брег дојде до немири при расчистувањето на куќите, кои беа запоседнати од евререјските доселеници, речиси една година. Голем број доселеници протестираа против акцијата на полицијата и фрлаа со камења по нив. Доселениците сметаат дека куќите, кои биле напуштени од Палестинците, претходно им припаѓале на Евреите. Вчера израелскиот премиер Ехуд Олмерт на средбата во Јерихо со претседателот на Палестинците Махмуд Абас се заложи за брзо создавање на палестинска држава. Политичарите договорија во иднина да се среќаваат на две недели. Првпат по седум години средбата се оддржи на палестинска територија.