1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Немири во Газа

*

На собирот на отворањето на границата кон Египет,на граничниот премин Рафах во палестинските области во Газа е убиен еден демонстрант.Милициите на Хамас со предупредувачки истрели се обиделе да ги држат под контрола од нив самите мобилизираните десетици илјади демонтранти.Египет го затвори граничниот премин во јуни, откако исламистичкиот Хамас ја презеде контролата во појасот на Газа. Преминот е единствениот излез од Газа кон странство,кој не води преку Израел.

Претставникот на ЕУ Хавиер Солана патува во нова посредничка мисија на Блискиот исток,се очекува во Рамала и во Ерусалим.