1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нема што нема

Трговијата преку интернет во Германија доживува бум. Фирмите ги користат предностите на интернетот и прераснуваат во светски концерни. За наредната година се предвидува профит од 29 милијарди евра за онлајн-продажбата.

default

Во Германија онлајн продажбата бележи пораст

Токму во екот на економската криза, браншата на онлајн- трговијата во Германија бележи пораст. Веќе 31 милион луѓе купуваат редовно преку интернет, а трговците бележат промет од милијарди евра. Додека трговијата на мало слабее, бизнисот преку интернет доживува бум.

Јоша Вебер зборува за подемот на овој вид трговија: „Во 21 век луѓето купуваат преку интернет и не се оптоваруваат со тоа дали ќе најдат место за паркирање во преполниот град или ќе стојат во редици на касите во продавниците. Клучот за многу стопански гранки гласи - електронска трговија. Бизнисот преку интернет се одвива добро дури и во времето на кризата, па се‘ повеќе бранши тргуваат преку интернет, што не треба да зачудува.“

„Кенион“ продава велосипеди преку интернет

Пример за тоа е и Андреас Мишелс, производителот на велосипеди „Кенион“ од Кобленц: „Ние сме производители на квалитетни спортски апарати, пред се‘ тркачки велосипеди, велосипеди за планини, и триатлон-велосипеди. Нашите

MIFA Fahrrad geht an die Börse

Велосипедите на „Кенион“ се нарачуваат преку интернет

производи ние директно ги дистрибуираме, значи сите велосипеди се монтираат и испробуваат овде во Кобленц, а потоа се пакуваат и се испраќаат директно на крајните клиенти.“

Преку директната дистрибуција „Кенион“ ги заштедува трговските трошoци, а на клиентите им нуди поповолни продажни цени од конкуренцијата. Со интерентот, бројот на потенцијалните муштерии брзо се зголемува. На „Кенион“ тоа добро му е познато, затоа што и основачот на фирмата, Роман Арнолд, започна со продажба во гаража во осумдесетите години, а преку продажбата на велосипеди од поволната сопствена марка, фирмата порасна и денес има 170 вработени. Важен удел во тоа имаше интернетот: „За нас интернетот е многу важен, затоа што околу 80 проценти од продажбата се одвива онлајн. Нашата интернет страница е преведена на седум светски јазици и тргуваме со цела Европа, а освен тоа, интернетот овозможува добро и соодветно презентирање на продуктите, како што се велосипедите.“

Предвидена е заработка од 29 милијарди евра оваа година

Според прогнозата на Институтот „ТНС Инфратест“, онлајн- трговијата оваа година ќе заработи точно 29 милијарди евра. Со оглед на ова, продажбата преку интернет е решавачка за повеќе од половината од обртот. Онлајн-продажбата веќе со години придонесува за пораст на каталошката продажба и својот пазар го отвора за нови членови.

„Токму затоа што е едноставно, ги фасцинира новите продавачи да ги пласираат своите производи на пазарот. За специјалните подрачја секогаш има нови продавачи кои своите производи ги насочуваат кон сосема мала група купувачи и така постигнуваат успех. Затоа, сметам дека бројот на трговците преку интернет и натаму ќе расте“, вели професорот Бернд Скиера, кој на факултетот во Франкфурт ја истражува електронската трговија. Тој прогнозира дека браншата ќе продолжи да расте, но со забавено темпо. Причината за тоа е што повеќето Германци веќе имаат интернет приклучок. Скиера укажува исто така дека онлајн- проектите на традиционалните претпријатија не успеваат поради долгото колебање и неприлагодено пренесување на понудата: „Засрамувачки е фактот дека едно претпријатие како „Карштад“ беше присутно во електронска трговија со „Мајворлд“ во времето кога можеше да му конкурира на претпријатието од светски ранг - „Амазон“. Тогаш тие едноставно не успеаја да ги препознаат своите шанси на интернет, како што тоа го направија почетниците како „Амазон“ со пробивањето на интернет пазарот.“

Интернет продавачите како што се „Амазон“ или „Ибеј“ се насочуваат кон традиционални форми на продажба како што е трговијата со книги или аукција. Од друга страна, тие ги етаблираат сосема новите идеи, како што се рецензиите за продуктот преку купувачите или преку оценката на продавачот. Тие ги користат предностите кои ги нуди интернетот и така прераснуваат во светски концерни.

Каталошката продажба актуелна и натаму

И класичните фирми како „Ото“, кои работат по принципот на порачка оддома и испорака до дома, профитираат од интернетот. Кај „Ото“ уделот на електронската трговија е 70 проценти. Оваа фирма промовира околу 650 000 производи на својата веб

Logo TNS Infratest

Институтот „ТНС Инфратест“ прогнозира успех за онлајн-тровијата

страница. Мислењето на републичкиот Сојуз на германската трговија со поштенски пратки е дека е разумно и натаму да се печатат каталози. Бизнисменот Волфганг Венцел го има истото мислење: „Секогаш ќе има такви луѓе кои купуваат преку каталог, исто како што се‘ уште се читаат весници и книги, а не само електронски книги преку интернет. Можеби бројот на ваквите корисници ќе се намали и каталозите ќе станат интерактивни понуди, но сепак, мислам дека тие секогаш ќе постојат.“

По сознанијата на трговците од браншата на каталошка продажба, 70 проценти од купувачите користат каталози за да се информираат за производите, но се‘ почесто се купува преку интернет. Во Германија, 31 милион луѓе редовно прават виртуелни шопинг-тури, кои будат љубопитство кај купувачите. На интернет аукцијата, имено, во моментот се тргува со „ништо“. Актуелната цена за „ништо“ е едно евро. Така, во интернет продавницата не само што нема што нема, туку има и „ништо“.

Автор: Јоша Вебер / Дана Трајчев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска