1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема цунами по новиот земјотрес во Јапонија

Североистокот на Јапонија беше погоден од нов земјотрес со јачина од 6,8 степени. Земјотресот се случи пред брегот на којшто се наоѓа и хаварисаната атомска централа Фукушима.

default

Засега нема извештаи за жртви и материјални штети. Властите издадоа предупредување од цунами, но кратко време потоа предупредувањето беше повлечено.
Земјотресот се случил во 5:36 минути по средно европско време, недалеку од
местото каде се случи потресот, во кој на 11 март беше тешко оштетена
нуклеарната централа во Фукушима. Епицентарот на денешниот земјотрес бил во
Тихиот океан, на 80 километри од брегот и на длабочина од 20 километри.
Компанијата Тепко, која управува со централата во Фукушима, соопшти дека по
денешниот земјотрес не предизвикал штета во централата. Од Тепко информираа
дека од претпазливост во моментот на земјотресот биле евакуирани сите
работници кои се затекнале на своите работни места.

Автор:ЕМФ/СН/дв/мф

Редактор: Симе Недевски