1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема формирање анкетна комисија за инцидентот

Пратеничките групи во македонскиот парламент не постигнаа договор за формирање анкетна комисија околу инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули.

default

По средбата на пратеничките групи во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, Сафет Незири од ДУИ изјави дека неговата партија смета оти анкетната комисија треба да има поголема автономија и да нема ограничувања во нејзиното работење, пренесува МИА.

Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата останува на ставот оти е потребно формирање анкетна комисија за испитување на инцидентот, во кој, како што рече, не учествувал ниту еден член од нивната пратеничка група.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008

Трајко Вељаноски свика координативна средба

На координацијата, покрај Вељаноски, присуствуваа и потпретседателите на Собранието Светлана Јакимовска, Јани Макрадули и Рафиз Алити, како и Цветанка Иванова од СДСМ, Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Мисовски од НСДП и Сафет Незири од ДУИ.

Пратеничката група на СДСМ, поддржана од пратениците од НСДП, ЛП и Нова алтернатива, вчера побара од Вељаноски да формира анкетна комисија за расчистување на собранискиот иницидент, политичката одговорност и прекршувањето на членот 43 од Законот за Собранието. Тие бараат структурата на анкетната комисија да биде на паритетна основа и да има независен претседател.

Инцидентот се случи на 1 јули по седницата на која се расправаше за Предлог законот за стечајците, поднесен од група пратеници од опозицијата. Опозициската СДСМ тврди дека кога пратениците излегле надвор, да им го соопштат на стечајците резултатот од собраниската седница, неидентификувано лице со камера снимало и кога побарале од обезбедувањето да кажат кое е тоа лице и да се идентификува, дошло до физички судир. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, објасни дека лицето кое снимало било од дефанзивно електронско техничко одделение, кое е посебен сектор во МВР што снима кога има одредени собири, поради безбедносната состојба во и околу собранискиот објект. Јанкуловска рече дека полициското лице немало намера да го запре слободното движење на пратениците, туку само си ја вршело својата работна задача.

Автор: ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Александра Трајковска