1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема термин за почеток на преговори во 2007-ма

Македонија во наредната година нема да добие термин за почеток на преговорите за членство во ЕУ . Европската Комисија нема да даде таква препорака во извештајот кој ќе го објави наредната недела- велат за агенцијата Ројтерс дипломати во Брисел

Шефот на Европската Комисија , Жозе Мануел Барозо

Шефот на Европската Комисија , Жозе Мануел Барозо

Европската Комисија во извештаите за напредокот на земјите аспиранти за членство што треба да ги објави наредната недела нема да препорача за ниту една од земјите од Западниот балкан преземање нови чекори во процесот на натамошно приближување кон европската Унија- изјавија извори на ЕУ за новинската агенција Ројтерс

За разлика од минатата година кога Македонија , Србија , Босна и Херцеговина и Албанија се искачија едно скалило погоре кон членството во ЕУ , оваа година извештаите нема да содржат такви препораки.

Тоа е одраз како на перформансите на секоја од земјите аспиранти така и на се позачестените повици во рамките на Унијата за пауза во проширувањето поприемот на Бугарија и на Романија наредниот јануари .

„ по приемот на Романија и на Бугарија, Де факто ќе имаме пауза од пет до шест години во проширувањето , пред Хрватска да биде подготвфена да се приклучи кон Унијата“ – изјави висок претставник на ЕУ за агенцијата Ројтерс .

Европската Комисија во извештајот за Македонија нема да препорача започнување на преговори за членство на земјата во ЕУ во наредната година , поради загриженоста околу политизацијата на јавните служби и недостатокот на дијалог со парламентарната опозиција – изјави истиот европски претставник .

„македонците не си направија себеси многу услуги по изборите во јули“ - додал неименуваниот дипломат во Брисел

нема никаков дипломатски скандал ниту некакви политички заклучоци поради неодамнешниот инцидент во кој беа повредени четворица руски дипломати во Скопје . Ова денеска во селото Белчишта го изјави амбасадорот на руската дфедерација во Македонија , Александар Солоциски.