1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нема снег ама има многу важни гости

Денеска во Давос повторно почнува магливото шоу на спасувачите на светот. Светскиот економски форум во швајцарските Алпи ќе го отвори германската канцеларка Ангела Меркел, како претседавач на Европската унија и на Групата 8 најразвиени индустриски држави. Таа е една од најважните личности во шаренилото проминентни гости кои од година во година доаѓаат во монденскиот скијачки центар. Главаната тема е „П

Боликавиот тел во заштита на важните гасти

Боликавиот тел во заштита на важните гасти

�местувањето на рамнотежата на моќта„.

Во Давос нема снег. Првите последици од напреднатата промена на климата на сопствена кожа ќе можат да ги почувствуват околу 2 ипол илјади познати учесници од политиката, стопанството и општеството. Таму каде што во нормални околности лимузините и шатл-автобусите во бавно темпо минуваат преку снежните селски патишта, сега асфалтот е темен и мокар. Давос не сјае во зимска белина, туку е обвиткан во тажно сивило.

Сепак, владее оптимизам кај организаторите, најнапред поради тоа што на светската економија и оди добро, а потоа и поради познатите гости: триесетина претседатели на држави или влади како британскиот Тони Блер, јужно-африканскиот Табо Мбеки, јорданскиот крал Абдала и бразислкиот претседател Луис да Силва. Освен тоа и 73-ца шефови од стоте најголеми фирми во светот, меѓу нив Рене Оберман од Дојче телеком, Дитер Цече од Дајмлер Крајслер, шефот на Гугл, Ерик Шмит и неизбежниот Бил Гејтс, газдата на Мајкрософт. За славеничкиот фактор и малку сјај во швајцарските планини доаѓаат постојаните гости – пејачот на Ју-ту Боно и неговиот колега Питер Габриел. Откажаа Арнолд Шварценегер и Анџелина Џоли.

Во меѓувреме, се цитираат зборвите на Фердинанд Пих, постојан гостин од Меѓународниот монетарен фонд кој вели дека за да сретне толку интересни луѓе во нормлна ситуација му требаат 4 месеци, а овде само 4 дена. За многумина учесници целта е единствена: во пријатна атмосфера да се разговара за можни зделки, па дури и за нивно склучување.

Основачот и директор на Форумот во Давос Клаус Шваб оценува:

„Ниту владите, ниту економијата, ниту цивилното општество можат сами да ги решат проблемите. Потребни ни се платформи на сите претставници на важните интереси што би соработувале на глобално ниво. Тоа значи: да се дефинираат конкретни теми и да се подготват решенија и веднаш конкретно да се дејствува„.

Традиционално форумот завршува в недела со скијачка трка. Сепак на врвовите има снег и уште сега - сите се радосни.