1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

“Нема сила што може да не раздели“

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска го продолжува престојот во Брисле каде што ќе учествува на самит на НАТО, а потоа ќе се сретне со шефовите на држави или влади на Европската унија. Обата самита се оценуваат како знак за обнова на трансатлантското партнерство по несогласувањата за војната во Ирак.

Буш говори во Брисел

Буш говори во Брисел

Синоќа Буш имаше средба со францускиот претседател Жак Ширак што го означи и крајот на несогласувањата околу ирачката војна. Ширак изјави дека тој и американскиот претседател секогаш имале мошне пријателски односи. Во заедничкото соопштение по средбата, Буш и Ширак ја повикаа Сиирја да ги повлече трупите од Либан и најавија поддршка за планираната резолуција на Обединетите нации за сопствена истрага по повод убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Американскиот претседател ја започна неговата европска турнеја со говор пред поканетите европски дипломати со кој сигнализираше дека САД и Европа се во меѓузваисност, меѓутоа без да соопшти конкретни понуди за дијалог:

“Дебатите од минатото завршија, очигледни се големите предизвици и затоа треба да започнеме нова ера на трансатлантско единство“.

Големите разлики со дел од европските сојузници, меѓу нив Франција и Германија, поради војната во Ирак, американскиот претседател ќе смета за надминати. Соработката е обврска за да се шири слобдата во светот, изјави Буш:

“Нашето силно пријателство е суштинско за мирот и благостостојбата во светот и никакви привремени дебати или разлики во мислењата меѓу владите, никаква сила на светот не може да не раздели“.

САД и Европејците имаат најдобра можност на Блискиот исток да ја стават на потврда обновената соработка. Заеднички ќе биде направено се да се помогне мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците. Голем дел од 30-минутниот говоро Буш му посвети на овој регион. На крајот од тој процес треба да се родат две независни и способни држави Израел и Палестина кои ќе можат да коегзистираат во мир. Буш побара слобода и за луѓето во Либан. Од режимот во Сирија побара да престане да им помага на терористичките групи:

“Сирија мора да ја оконча окупацијата на Либан“.

Тој директно им се обрати на владите во Ријад и Каиро:

Владата на Саусика Арабија може да ја покаже водечката сила ако нејзиниот народ повеќе учествува во решенијата на земјата. Големата горда египетска нација која го постави патот кон мир на Блискиот ситок, сега може да го покаже патот кон демократија во регионот“.

Кога станува збор за Иран, ниту една опција не е исклучена, но се уште е само почеток на дипоматските напори. Иран не може да се споредува со случајот Ирак:

“Тесно соработуваме со Велика Британија, Франција и Германија кои се спротивствауваат на нуклеарните амбиции на Иран и бараат таа земја да се придржува кон меѓународното право. Успехот на тој ангажман многу зависи од Иран“.

По изборите во Ирак, Буш побара од Европејците повеќе да учествуваат во обновата на земјата:

“Сега етаблираните демократии во светот мораат да и гарантираат на најмладата демократија во светот сеопфатна политичка и економска помош, како и помош во безбедносните прашања“.