1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема рокови за предлогот на Нимиц

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги оцени како медиумски шпекулации пишувањата на грчките медиуми дека до 5 мај Скопје и Атина треба да му достават одговор на посредникот на ОН.

Нема рок за одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, изјави денеска министерот за надворешни работи Попоски на заедничката прес- конференција во Скопје со неговиот албански колега Алдо Бумчи.

Министрите оцениле дека Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи. Двете земји делат заедничка перспектива за членство во ЕУ,  а преминувањето на границата со лични карти од страна на нивните граѓани е придобивка којашто треба да ја имаат сите држави во регионот.

Запрашан зошто и по 20 години од воспоставувањето дипломатски односи, Тирана се’ уште ја нема признаено Македонија под уставното име, албанскиот министер Бумчи со одговор дека во билатералата тие го користат уставното име.

„Билатералните односи се пример за добрососедство. Ние во нашите билатерални односи ја имаме признаено Република Македонија под уставното име и јас тука го користев името Република Македонија. Што се однесува до прашањето на името, тоа е билатерално прашање. Ние ќе ја почитуваме волјата на Македонија, како и на Грција, и ќе го почитуваме договорот којшто тие ќе го постигнат, рече Бумчи.

За тоа што прави албанската држава во однос на притисоците врз македонското население во Албанија што го прави националистичката Црвено-црна алијанса, Бумчи рече дека со македонското малцинство имаат одлични односи, а потврда е и неодамнешната одлука на албанскиот Парламент за враќање на старите топоними на Пустец.