1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема раздор во Синодот на МПЦ - порача Поглаварот Г.Г. Стефан

Поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан денеска чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија, со која завршија свеченостите по повод 50-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

default

Црквата е единствена: Соборниот храм во Скопје

Архиепископот Стефан по литургијата изјави дека измените на Уставот на Црквата и промените во името со додавањето Охридска архиепископија ќе стапат тогаш на сила, кога членовите на Синодот и на Соборот ќе решат за тоа. Поглаварот на МПЦ додаде дека нема поделби меѓу членовите на Синодот, што го потврдува и присуството на делегации од сите епархии на МПЦ на Соборот што се одржа во Калишта.

Од дневниот ред на Црковно народниот Собор вчера беше повлечена точката на дневниот ред, што требаше да се занимава со измените во Уставот на Црквата. Учесниците едногласно го поддржаа соодветното барање на Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Повеќето од соборјаните биле изненадени од идејата да се расправа за измени, со кои тие воопшто не биле претходно запознаени. Соборот се согласи измените да бидат доработени во надлежната комисија, која веќе подолго работи на нив и потоа да бидат разгледани на следното заседание на Соборот, како највисоко црковно тело.

Апел за зачувување на името и идентитетот на македонскиот народ

Како што се дознава од учесниците на Соборот на средбата во Калишта требало да се расправа за додавање на Охридска архиепископија во името на МПЦ и за промена на грбот на Црквата. Официјално расправата била откажана поради несоодветна формулација, изјави синоќа Епископот Методиј.

Во резолуцијата усвоена на средбата во Калишта се бара од државата да ги обедини сите сили во зачувувањето на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се нагласува дека Црквата останува на ставот донесен на Црковно народниот собор во 2005-та година, кој се залага за неменување на уставното име на државата.