1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Нема разговори за решение што задира во македонскиот идентитет“

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска го одржа редовниот годишен говор пред пратениците на Собранието. Во него Иванов извлече биланс на активностите од оваа и посочи на акцентите за идната година.

default

Претседателот Ѓорѓе Иванов

„Не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, во македонскиот јазик и во Уставот како чувар на нашата државна сувереност и нашето национално достоинство. Додека сум претседател на Република Македонија тоа нема да го дозволам“. Ова денеска го изјави претседателот Ѓорге Иванов, во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.

Македонија е подготвена на европски начин, како што рече Иванов, да ги премости разликите, но тоа, според него, подразбира и фокусирање на темелното право на државата. „Ние сме граѓани на европска земја и бараме од Грција како членка на Европската унија со нас да се однесува европски“, подвлече Иванов. Тој истакна дека македонскиот државен врв како никогаш досега има јасен став, а тоа е интензивирање на македонско-грчкиот дијалог и трагање по взаемно прифатливо компромисно решение. „Но, решението мора да биде во рамките на Резолуцијата 817 на Обединетите нации од 1993. година. Ние сакаме решение, но само во рамките на грчко-македонската Времена спогодба од септември 1995. година. И на крај, конечната одлука ќе ја имаат граѓаните“, истакна претседателот Иванов.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM