1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема промена на мандатот на Нимиц

Нема никакви промени на Мандатот на Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот меѓу Атина и Скопје околу употребата на уставното име на Македонија – порача во Њујорк , македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски по вчерашната средба со генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун. Тој очекува во иднина Грција да покаже поголема конструктивност околу ова прашање и изрази жалење дека грчките политичари во предизборната кампања воочи претстојните избори , ја засилуваат реториката во врска со проблемот околу името. Милошоски со Бан Ки Мун разговарал и за Косово, при што бил истакнат заедничкиот став за подршка на планот на Марти Ахтисари и за што побрзо решавање на статусот на Косово.