1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема проблеми на релација МПЦ-Ватикан

Шпекулациите дека македонската делегација нема да присуствува на чествувањето на гробот на Кирил во Ватикан поради неизградбата на католичката црква во село Секирник, се неосновани,смета поглаварот на МПЦ г.г.Стефан.

-Сметам дека некоректно беше вмешана Македонската православна црква во нешто што воопшто не треба да биде проблем или спорно.Ако има верници,припадници на католичката црква кои што живеат во Секирник,мислам дека треба да го помогнеме градењето на црквата.Доколку нема,сметам дека оние што сакаат да градат,а немаат свои верници,треб ада и кажат на јавноста зошто сакаат да го прават тоа .Сметам дека прекрасните односи воспоставени веќе со децении со Светата столица,некој како да сака да ги наруши.Желбата да се изгради црква во Секирник и пречките кои стојат околу тоа не смеат да го попречат односот меѓу МПЦ и Ватикан,изјави г.г.Стефан.

Претходно македонскиот премиер Владо Бучковски вчера изјави дека изградбата на католичката црква во Секирник,кај Струмица,ќе започне во мај.

Случајот Секирник не смее да биде камен на сопнување меѓу МПЦ и католичката црква,туку пример за верска толеранција,изјави Бучковски по традиционалната средтба со бискупот скипкси и апостолски егзарх монсињор Киро Стојанов.