1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема причина за обѕири кон Москва

На Москва не и‘ се допаѓа новото „Источно партнерство“ на ЕУ со шест поранешни советски републики. Но, партнерството може лесно да стане привлечно.

default

Зошто е воопшто ова „Источно партнерство“? ЕУ се‘ уште е доволно зафатена сама со себе поради сопствениот неразјаснет реформски процес. Многумина критичари, поради тоа, предупредуваат дека не е потребна нова рунда проширување. Но, кај „Источноот партнерство“ не се работи за тоа. Не станува збор за претчекор за иден прием на одделни држави во ЕУ.

Сепак, францускиот претседател Никола Саркози, минатата година, со голема помпа ја иницираше Средоземноморската унија со јужните соседи на ЕУ. Неговиот аргумент гласи - нивните проблеми се проблеми и на ЕУ, поради притисокот од доселеници, слабите државни структури, конфликтите или еколошките проблеми. Тоа е прифатливо. Но, Саркози го немаше во Прага, како ни шефовите на држави или влади од Велика Британија, Италија и Шпанија.

ЕУ има интерес од стабилни соседи

Аргумените на Саркози за Средоземноморската унија важат и за „Источното партнерство“. ЕУ мора да има непосреден интерес за демократски и економски развој на соседите на исток и за решавање на нивните бројни меѓудржавни конфликти. Некои од овие земји се особено важни и поради посигурното снабдување на ЕУ со енергија. Таа сака да стане малку понезависна од Русија на енергетски план и затоа работи во сопствен интерес.

Тешкотиите се поврзани пред се‘ со Русија. Русија „Источното партнерство“ го означува како обид на ЕУ да изгради сфера на влијание пред нејзината сопствена врата.

EU Gipfeltreffen zur Östlichen Partnerschaft in Prag

Од средбата за Источното партнерство што се одржа во Прага

Повторно се јавува стравот на Москва од продирањето на Западот, исто како и кај проширувањето на ЕУ и НАТО со источноевропските земји. Обвинувањето за сфери на влијание е бесмислено, иако е карактеристично за размислувањето на Москва. Големата разлика меѓу Москва и Брисел е во тоа што Русија врши влијание врз земјите преку закани, а ЕУ преку атрактивни понуди, кои може да бидат прифатени, но не мора. Дали ЕУ е виновна што партнерските земји се ориентираат кон Запад? Иако, треба да се сочека и да се види дали тие навистина тоа ќе го направат. А Русија со својата бучна енергетска политика самата придонесува за тоа што ЕУ сака поинаку да се ориентира.

И покрај тоа, со Русија треба да се постапува внимателно. Таа е и останува првостепен фактор на моќ, пред се‘ воен и енергетско-политички. Бараниот обѕир би одел предалеку, ако поради него би требало да се откаже „Источното партнерство“. Целта на ЕУ мора да биде преку оваа иницијатива да ги убеди Русите во нивните сопствени предности. Зашто, економската и политичката стабилност во регионот е и руски интерес. Преку партнерството сите можат само да добијат.


Коментар: Кристоф Хаселбах

Превод: Жана Ацеска

Редактор: