1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема преживеани во авионската несреќа во Пакистан

Нема изгледи дека некој ја преживеал авионската несреќа во Пакистан, кога Боинг 737 на пакистанска приватна авиокомпанија се урна во близината на Исламабад

„Авионот е целосно уништен и вистинско чудо ќе биде доколку некој ја има преживеано несреќата“, се вели во полициското соопштение.

Пакистанскиот министер за одбрана, Ахмед Мухар истотака соопшти дека минимални се шансите дека некој ја преживеал несреќата.

Контрадикторни се бројките околу бројот на патниците и членовите на екипажот. Според еден извор, во авионот имало 127 патници, а според друг извор бројот на патниците изнесувал 131. Се претпоставува дека во авионот имало девет членови на екипажот.

Авионот, кој се движел на релацијата Карачи-Исламабад, се урна при слетувањето на аеродромот „Беназир Буто“. Несреќата се случила при лоши временски услови со силен ветер и дожд и намалена видливост.

Пакистанските власти утрово го ставија во притвор сопственикот на компанијата „Боџа ер“, откако претходно му забранија да ја напушта земјата. Според пакистанскиот министер за внатрешни работи, Рехман Малик компанијата би можела да биде обвинета за несреќата затоа што авионот со кој сообраќала бил многу стар. Компанијата „Боџа Ер“ не работела цели 11 години, се’ до минатата, кога повторно добила дозвола за летање од властите. Поради тоа, голем дел од критиките се насочени и кон воздухопловните власти кои ја одобриле дозволата.

„Доколку некоја компанија нема доволно пари тоа не значи дека треба да купи 30 години стар авион, како да се работи за рикша, и со него да почне да лета“, рече министерот Малик.

Последната голема авионска несреќа во Пакистан се случи во 2010 година, исто така во близина на аеродромот во Исламабад, кога се урна авион од типот „Ербас“ и загинаа сите 152 патници и членови на екипажот.