1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема потврда за судбината на киднапираните Македонци во Ирак

Иако минаа речиси 15 часа од објавувањето на веста за убиство на двајца киднапирани македонци во Ирак, македонските власти се уште не можат да го потврдат или демантиреаат извештајот на катарската ТВ Ал Џеѕеира. Засега нема доказ дека токму кумановците Зоран Насковски и Далибор Лазаревски, кои 57 дена се водат како исчезнати се убиените за кои јавува катарската телевизија.

Заложник во Ирак

Заложник во Ирак

Македонската агенција за разузнување побара од ЦИА да ја утврди веродостојноста на информациите за наводното убиство на двајцата Македонци од Куманово, што вчера ги емитуваше катарската телевизија Ал Џезеира. Шефицата на дипломатијата Илинка Митрева, синоќа, по упорно инсистирање оствари контакт со својот ирачки колега, но до утринава од официјален Багдад нема ниту потвда ниту демант за веста што ја шокираше македонската јавност.

,, Министерката Митрева оствари контакт со властите во багдад, но тие не можеа да ја потврдат информацијата на катарската телевиѕија. Договорено е министерствата за надворешни работи да бидат во постојан контакт за евентуални нови информации. Митрева раѕговараше и со преостанатите 19 Македонци кои се во Ирак. Тие побараа враќање назад во Македонија, а тоа е договорено за наредните два до три дена,, изјави за Дојче Веле портпаролот на македонското министерство за надворешни работи Душко Узуновски.

Објавените снимки од Катар, кна кои што се покажани двајца од тројцата киднапирани Кумановци – 21 годишниот Далибор Лазаревски и 47 – годишниот Зоран Насковски, вчера предизвикаа драматична ноќ во нивните семејства. Тие синоќа, заедно, во домот на Лаѕаревски чекаа демант на веста за убиството на нивните најблиски. Семејствата сношти ги посети заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ, кој им го пренесе ставот дека од фактите со кои располага, владата не може да ја потврди веста за погубувањето на нивните роднини.