1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема потврда дека е уапсен Ратко Младиќ

Белград Вашингтон и САД немаат информации за евентуалното апсење на Ратко Младиќ. Обвинителството во судот во Хаг на чиј список најбарани тој се наоѓа на врвот нема информации дека Младиќ е уапсен.

Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

„ Немаме никакви информации„ изјави доцна синоќа за Дојче Веле портпаролот на хашкиот трибунал Александра Миленов

Портпаролот на српската влада Срѓан Ѓуриќ изјави дека веста за апсењето е неточна. Тоа е манипулација која оди на штета на српската влада, изјави Ѓуриќ

Американскиот Стејт Департмент синоќа исто така соопшти дека нема сознанија за апсењето на Младиќ. Официјалниот став на Вашингтон е дека Младиќ и натаму е бегалец пред правдата

Претседавачот со советот на министри на БиХ Аднан Терзиќ синоќа исто така изрази резерва околу веста за апсењето на хашкиот бегалец. Терзиќ изјави дека нема никаква официјална потврда за неговото апсење.

Инаку светските агенции од вчера, повикувајќи се на неименувани извори објавуваат различни вести околу апсењето на Ратко Младиќ. Првата вест беше дека тој бил лоциран на планината Цер на 100 километри западно од Белград. Јавниот сервис на БиХ вчера ја пренесе информацијата на агенцијата СРНА, која повикувајќи се на српското МВР наведува дека Младиќ бил уапсен и префрлен во базата на ЕУФОР кај Тузла. Британската ТВ мрежа Би Би Си пренесе дека српската влада демантирала дека Младиќ бил уапсен. 63 годишниот Ратко Младиќ е обвинет за геноцид и злосторство против човештвото врз муслиманите и хрватите за време на војната во БиХ. Заедно со политичкиот лидер на Бносанските срби Радован Караџиќ, тој се наоѓа на врвот на списокот најбарани во судот во Хаг

Поврзана содржина