1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема покана за Македонија во Чикаго

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и американскиот амбасадор Пол Волерс порачаа дека без решен спор за името, Македонија не може да се надева на прием во НАТО.

Без обострано прифатливо решение за името, Македонија не треба да очекува покана за членство, рече генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на прес-конференција во Вашингтон, каде учествува на одбранбен семинар во организација на Алијансата.

„Сите одлуки во НАТО се носат врз база на консензус, а тоа ја вклучува и Грција. За да упатиме покана до Скопје, ќе ни треба поддршка од Грција. Тоа е тоа. Разбирам дека Грција нема волја да упати таква покана се‘ додека не се најде обострано прифатливо решение за името“, изјави Расмусен за Гласот на Америка.

И американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс порача дека неговата земја нема да го отвори прашањето за прием на Македонија на самитот во Чикаго под привремената референца БЈРМ.

„САД напорно работат за да помогнат, но спорот за името треба да го решат Македонија и Грција, а не САД“, рече Волерс.

Автор: БГ/миа/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска