1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема позначаен напредок во слободата на печатот

Според европските претставници на бриселскиот семинар за слободата на медиумите во соседните земји на ЕУ, ситуацијата во Македонија не напреднала многу, но вината не е само кај политичарите, туку и кај самите медиуми.

Слободата на медиумите не е нова одредница за членството во ЕУ, поради тоа што и во самата Унија постојат проблеми со медиумите, повторија претставниците на Европскиот парламент, кои заедно со Европската Комисија и претставници на медиумите од цела Европа расправаа во Брисел за подобрување на ситуацијата во оваа област.

Новинарството е опасна професија насекаде во Европа. Од почетокот на годината, повеќе новинари беа физички нападнати во Азербејџан, но исто така во Германија, Франција, Грција, Италија, Латвија, Молдова, Црна Гора, Романија и Русија. Затоа комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Миужниекс побара од владите „да ги преземат сите мерки за да насилството кон новинарите биде сватено сериозно, бидејќи тоа ги загрозува темелите на нашите демократии.“

На семинарот во Европскиот парламент, многу повеќе се зборуваше за ситуацијата со медиумите во Русија и во земјите од источното партнерство, но на повеќе пати беа споменати и земјите од Западен Балкан.

Во своето излагање комесарот Штефан Филе посебно го посочи примерот на Конференцијата за слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан, одржана точно пред една година. Досие за кое е предвидено континуирано да се следи посебно во процесот на приближувањето на овие земји кон ЕУ, а за 2013 година е закажана нова конференција за слободата на медиумите во Западен Балкан.

Нема подобрување на ситуацијата во Западен Балкан

Романската европратеничка Ренате Вебер за Дојче Веле со жалење оценува дека ситуацијата за новинарите на земјите од Западен Балкан не е подобрена, иако секоја земја има свои специфични проблеми. Во однос на препораките што им се даваат на земјите кандидати и потенцијални кандиадти за членство во ЕУ во однос на слободата на медиумите, Вебер нагласува:

„Вистина е ние правиме препораки, но со оглед дека нема стандарди ниту во самата ЕУ, тогаш навистина е тешко да се даваат препораки. Затоа јас сега работам на еден извештај за стандардите на слободниот печат и медиуми во ЕУ, се разбира, тогаш овие стандарди ќе треба да станат правила и за другите земји.“

Бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин смета дека напредокот во земјите од Западен Балкан, во споредба со тие од Источното партнерство е подобро, ова најмногу поради нивната јасна европска перспектива и поради тоа што ЕУ веќе подолго работи со нив на оваа тема.

Ситуацијата не се менува толку многу брзо

„Сепак има граници кои се уште не се пречекоруваат, во насока на очекувањата на Европската Унија“.

Вигенин кој беше времен известувач за напредокот на Македонија, во однос на забелешките и проблемите кои беа констатирани од Европскиот парламент и Комисијата за ситуацијата со медиумите во Македонија вели:

Kristian Vigenin, Member of the European Parliament from the Bulgarian Socialist Party, and International Secretary of the National Council of the BSP. Foto: http://www.vigenin.eu/

Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин

„Не мислам дека нештата можат толку многу брзо да се изменат. До мене нема стигнато информација за некакво појасно подобрување на ситуацијата со медиумите во Македонија. По средбите што ги имав со претставници од Македонија и по посетите таму, имав впечаток дека нема желба од страна на владата да ги промени правилата на играта. Но и самите медиуми тука гледаат некаков интерес во таквата ситуација“.

Вината не е само во политичарите туку и кај медиумите

Според бугарскиот европратеник кога има проблем, тогаш тој се гледа само од едната страна, но се заборава дека нема ниту солидарност меѓу медиумите, што не е случај само на Македонија.

„Во моменти кога медиумите се под притисок, а истовремено се солидарни едни со други, влијанието на владата тоаш е многу послабо.“

Вигенин го потенцира и времето за реклами кое го купува владата во медиумите, средства од кои медиумите самите не сакаат да се лишат самите ако се покажат премногу критични кон владата.

Дека проблемите со слободата на медиумите не е специфичен само за земјите кои не се членки на ЕУ, е и вчерашното сослушување во ЕП за ситуацијата во Бугарија, за што се одржа посебен собир во ЕП организран од страна групата на либералите во ЕП.

Поврзана содржина